Останати спортови

Саудиска Арабија ќе гради спортски град од 470 милијарди евра

6. декември 2019 - 15:29 | Б.С.Б.

Властите од Саудиска Арабија планираат да изградат спортски град кој во иднина би бил домаќин на големи спортски настани.

Во плановите на државата е до 2030 година да биде изграден град на брегот на Црвеното Море кој би се викал Неом, а за почеток планираат да издвојат 470 милиони евра.

Неом би бил град во кој би владееле „западните закони“ каде сите посетители би можеле да консумираат алкохол и каде жените би имале далеку поголеми права отколку што е тоа случај сега во Саудиска Арабија.

Овој проект би им олеснил на Саудијците почесто да добиваат организации на големи спортски настани како оној што следува во сабота, на 7 декември кога во Ријад ќе боксуваат Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор.

Саудиските власти ангажираа бројни експерти од областа на јавни настапи во изминатите две години, меѓу нив и од Велика Британија, кои ги советуваат за разни проекти кои ги одобри принцот Мухамед Бин Салман.

Се верува дека градот би бил „држава за себе“ каде би владееле полиберални закони. Саудиска Арабија е често критикувана од страна на Amnesty International поради кршење на човековите права. Со овој проект се смета дека со спортските настани Саудиска Арабија сака да ја поправи лошата репутација во меѓународните односи.

Многумина и понатаму не прифаќаат да се одржуваат настани, шпанската RTVE одби да пренесува меч од шпанскиот Суперкуп кој наредниот месец ќе биде одигран, а на кој по новиот систем наместо првакот и победникот на Купот на кралот ќе играат четири тима: Реал, Барселона, Атлетико Мадрид и Валенсија.

Голем број настани во 2020 година ќе бидат одржани во Саудиска Арабија. Се водат и преговори во иднина да се вози и една трка во сезоната на Формула 1.

Коментирај