Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул

Ријад, 20 октомври 2018 (МИА) – Саудискиот новинар и дописник на „The Washington Post“ Џамал ​​Кашоги, почина во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по борбата со луѓето што ги сретнал таму, соопшти денеска Саудиска Арабија врз основа на прелиминарните резултати од истрагата.

Поради скандалот, кој предизвика заострување на односите меѓу Ријад и западните земји, од нивните должности се сменети заменикот-началник на разузнавањето Ахмад ал-Ашири и вишиот научен соработник на принцот Мохамед бин Салман, Сауд ал-Катани.

„Истрагата е сѐ уште во тек, а досега се уапсени 18 Саудијци“, се вели во соопштението на саудискиот државен обвинител.

Кашоги, критичар на саудиските власти, особено на принцот Мохамед бин Салман, минатата година се пресели во САД, поради страв од апсење откако тој критикуваше некои одлуки на Бин Салман и се произнесе против воената интервенција на Ријад во Јемен. Тој исчезна на 2 октомври, откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул, и таму бил за да извади документи за венчавката која ја планирал.

Турските власти тврдат дека тој бил убиен во Конзулатот, а потоа неговото тело било отстрането.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека е “длабоко вознемирен” по потврда на Ријад за смртта на саудискит новинар Џамал Кашоги.

Тој повика на „брза, целосна и транспарентна” истрага за околностите на смртта на Кашоги и побара целосна одговорност за оние кои биле вклучени во делото.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе