Саудиски гигант и Кина се договорија за огромен нафтен проект

Саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco потпиша договор со своите кинески партнери за проект за рафинерија и петрохемиски комплекс вреден 12,2 милијарди долари во североисточна Кина, кој треба да започне со работа во 2026 година.

Проектот во градот Панџин во провинцијата Љаонинг ќе биде втора голема инвестиција за рафинирање и петрохемија на Арамко во Кина, а договорот беше потпишан откако најголемиот светски извозник на нафта објави рекорден профит во 2022 година од 161 милијарда долари.

Заедничкото вложување Huajin Aramco Petrochemical Company (HAPCO) ќе изгради рафинерски комплекс за преработка на 300.000 барели дневно, кој годишно ќе произведува 1,65 милиони тони етилен и два милиони тони параксилен, објави саудиската компанија.

Проектот се очекува да чини 83,7 милијарди јуани (12,2 милијарди долари), рече партнерската група Panjin Xicheng Industrial во изјавата на WeChat во неделата. Нешто повеќе од половина од акциите во новиот комплекс ќе има кинескиот производител на воена опрема NORINCO Group, Aramco 30 проценти, а Panjin Xincheng 19 проценти.

Изградбата на комплексот ќе започне во вториот квартал откако ќе се обезбедат потребните административни одобренија за проектот, соопшти Saudi Aramco. Се очекува фабриката да биде целосно оперативна до 2026 година, се додава.

Saudi Aramco ќе испорачува до 210.000 барели сирова нафта дневно до комплексот.

Тагови
реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Бизнис

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Read more

Америка се спаси од банкрот

Read more

Најбогатиот човек во светот за само еден ден изгуби повеќе од 11 милијарди долари

Read more

Дали ќе падне кредитниот рејтинг на Америка?

Read more
 

Вести

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе