ОН: Саудискиот престолонаследник треба да биде истражен за убиството на Кашоги

Њујорк, 19 јуни 2019 (МИА) – Смртта на новинарот Џамал Кашоги е „меѓународно злосторство“ се наведува во денеска објавениот извештај на Обединети нации.

„Заклучокот на специјалниот известувач е дека Кашоги е жртва на убиство со предумисла, вонсудско убиство за кое е одговорна државата Саудиска Арабија според меѓународниот закон за човекови права“, изјави специјалната известувачка на ОН, Агнес Каламар.

Таа наведе дека постојат веродостојни докази кои го поврзуваат принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман и други високи саудиски претставници дека се виновни за убиството на Кашоги и оти тие треба да бидат предмет на истрага.

Во извештајот се истакнува дека доказите покажуваат дека би требало да се спроведе независна и непристрасна меѓународна истрага.

Кашоги (59) беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Во Саудиска Арабија поради убиството на новинарот пред суд се изведени 11 лица, а за петмина од нив е побарана смртна казна. Но, нивниот идентитет не е откриен бидејќи судењето е затворено за јавност.

Според Каламар судењето не ги исполнува процедуралните и суштинските меѓународни стандарди и бара истото да биде откажано.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе