Свет

Саудискиот принц го хакирал Џеф Безос

22. јануари 2020 - 9:10 | МИА

Лондон, 22 јануари 2020 (МИА) – Сопственикот на Amazon, Џеф Безос бил цел на хакери, пет месеци пред убиството во 2018 година на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Според Guardian, телефонот на Безос бил хакиран откако добил порака преку WhatsApp, испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман.

Според резултатите од форензичката анализа, пораката била шифрирана и содржела заразени податоци.

Безос, кој е и сопственик на Washington Post, до 1 мај 2018 година разменувал пријателска преписка, сè додека на телефонот не му стигнала датотека што не ја побарал од саудискиот принц, дознава Guardian.

Од телефонот на Безос за неколку часа била преземени голема количина на податоци, но не се знае какви податоци биле преземени.

Новите информации можат да доведат до повторно отворање на истрага за активностите на Мухамед бин Салман и неговите блиски соработници пред убиството на Џамал Кашоги, кој беше новинар во Washington Post. 

Коментирај