Саудиските фудбалери нема да добијат автомобили од 450.000 евра

Селекторот на Саудиска Арабија ги демантираше шпекулациите дека кралското семејство на секој фудбалер ќе му подари Rolls Royce по победата над Аргентина.

Во објави на социјалните мрежи стоеше дека секој член на тимот од 26 играчи ќе добие Rolls Royce Phantom од престолонаследникот Мохамед бин Салман по победата, но 54-годишниот Французин Ерве Ренар го демантираше тоа.

„Не е точно. Имаме сериозен сојуз и Министерство за спорт, не е време да се добие такво нешто во овој момент. Не знам дали се сеќавате на пресот пред натпреварот со Аргентина. Изјавив дека тој натпревар е еден од трите најважни што мора да ги одиграме. Единствена цел беше да завршиме меѓу првите две екипи во групата и да одиме понатаму“, изјави Ренар.

И напаѓачот Салех ал Шехри, кој го постигна голот против Аргентина, објасни дека за нив е доволна наградата што победија и дадоа сè од себе.

„Не е точно дека ќе добиеме автомобили. Овде сме да ѝ служиме на нашата земја и да дадеме сè од себе. Тоа е доволна награда“, изјави тој.

Саудиска Арабија беше поразена од Полска со резултат од 2:0, а дали ќе продолжат понатаму зависи од средбата со Мексико.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе