Тимот на Микел Артета испадна од борбата за трофејот во најстарото клупско натпреварување и тоа благодарение на автогол.
Продолжува очајната сезона за „Топчиите“ откако денеска ја завршија авантурата во ФА купот. Арсенал гостуваше кај Саутемптон каде 90 минути не успеа да ја затресе противничката мрежа, но затоа успеа својата.
Одлучувачкиот гол падна во 24. минута кога десниот бек Кајл Вокер-Питерс упати една ниска топка во петерецот на Берн Лено, а таму несреќниот Габриел ја зафати топката, ѝ го смени правецот и ја смести во мрежата.
Арсенал иако ја имаше иницијативата и направи неколку шанси, сепак не упсеа да го најде патот до мрежата на Фрејзер Фостер. Така, Саутемптон патува во четвртфиналето.