Саутемптон го официјализира трансферот на уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес. Искусниот дефанзивец пристигна во Англија откако минатото лето му заврши договорот со Јувентус.
Мартин Касерес како слободен играч потпиша договор со Саутемптон до крајот на сезоната, а во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 12.
„Среќен сум што станав дел од еден од најзначајните клубови во Англија. Се радувам што наскоро повотрно ќе играм професионален фудбал. Од сите понуди кои ги имав мислам дека Саутепмтон е најдобрата опција за мене“, рекол Касерес.
Уругваецот во кариерата има настапувано и за Севилја и за Барселона.