Саутгејт поднесе оставка, не е повеќе селектор на Англија

Гарет Саутгејт повеќе не е селектор на Англија откако денеска поднесе оставка. По 102 натпревара на чело на „Трите лава“, две изгубени последователни финалиња на ЕУРО, по 7 години стручњакот оцени дека се неопходни промени на клупата.

„Како горд Англичанец, честа на мојот живот беше да играм за Англија и да ја водам Англија како селектор. Многу ми значеше, давав с од себе. Но, време е за промени и за нови поглавја. Неделното финале во Берлин против Шпанија беше мојот последен натпревар како селектор на Англија“, се вели во соопштението на Саутгејт.

Само 17 порази во 102 натпревара, 61 победа го прават Саутгејт трет најуспешен селектор на Англија на сите времиња.

„Пред Гарет, нашето најдолго време да бидеме рангиран во првите пет во светот беше 7 месеци. Во неговиот мандат бевме таму 6 години. Саутгејт го направи невозможното и постави силна основа за идните успеси. Играчите, тимот во позадина, сите во ФА и ширум фудбалскиот свет неизмерно го почитуваат. Ние сме многу горди на сè што Гарет и Стив постигнаа за Англија и засекогаш ќе им бидеме благодарни“, изјави директорот на ФА, Марк Булингам.

Фудбалската асоцијациоја нема многу да чека за да назначи нов селектор.

„Процесот за назначување наследник на Гарет е во тек и имаме за цел да го потврдиме нашиот нов предводник што е можно поскоро. Нашата кампања во Лигата на нации на УЕФА започнува во септември и имаме привремено решение доколку е потребно. Знаеме дека ќе има неизбежни шпекулации, но нема да го коментираме понатаму нашиот процес с до назначувањето на нов селектор“, објасни Булингам.

Саутгејт со Англија одигра и два натпревара против Македонија и тоа во рамките на клвалификациите за ЕУРО 2024. Прво во јуни минатата година во Манчестер ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската репрезентација во својата историја, победувајќи ја со 7:0. Тоа е втора највисока победа на Англија под Саутгејт откако претходно со 10:0 го победи Сан Марино во квалификациите за Мундијалот 2022, а победа од идентични 7:0 има и против Црна Гора во квалификациите за ЕУРО 2020. Потоа во ноември 2023 во Скопје Англија на реваншот одигра 1:1 со Македонија.

реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе