26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“
Култниот американски филм „Casablanca“ имал премиера на денешен ден, во 1942 година. Дејството се одвива во Мароко, во градот Казабланка, за време на Втората светска војна, кога е под контрола на Франција.
Режисер на овој филмски класик е Мајкл Кертис, а главните улоги ги имаат Хамфри Богарт како Рик Блејн и Ингрид Бергман како Илса Лунд. Филмот се фокусира на внатрешниот конфликт на Рик меѓу љубовта и моралноста: тој мора да избере меѓу неговата љубов кон Илса и дали ќе постапи правилно и ќе ѝ помогне нејзе и на нејзиниот сопруг Виктор Ласло, лидер на отпорот, да побегнат од Казабланка за да продолжат со нивната борба против фашистите.
„Casablanca“ освои три Оскари во 1943, вклучувајќи Оскар за најдобар филм. Ликовите, репликите и музиката денес имаат статус на легендарност. Филмот постојано се рангира близу врвот на листите на најдобрите филмови на сите времиња.