Актерот и режисер Бен Афлек неодамна во едно интервју зборуваше за својата поранешна сопруга, Џенифер Лопес, две години по нивниот развод.
На Афлек, кој беше продуцент на филмот Kiss of the Spider Woman во кој главната улога ја толкуваше Џенифер Лопес, му беше поставено прашање зошто таа често е занемарувана во Холивуд. Актерот одговори дека е пристрасен, но ги истакна нејзините способности.
„Чувствувам огромна почит и восхит кон она што таа може да го направи“, изјави 54-годишниот актер.
Тој додаде дека, кога станува збор за наградите, комерцијалниот успех не секогаш се совпаѓа со неговиот личен вкус и дека процесот е субјективен, бидејќи луѓето применуваат сопствени критериуми. Афлек истакна дека не секогаш верува оти вистинската личност ја добива вистинската награда.
„На крајот на краиштата, тоа е само група луѓе што гласаат за филмски награди“, рече Афлек, зборувајќи за начинот на кој се оценуваат филмовите и актерските изведби.
Во истото интервју, двократниот добитник на Оскар зборуваше и за Лопес, за својата прва поранешна сопруга Џенифер Гарнер, како и за современите очекувања ѕвездите да бидат и брендови.
Тој истакна дека видел како Џенифер Лопес и Џенифер Гарнер успешно развивале и граделе вредност во таа сфера, додавајќи дека тоа подразбира вистинска работа – работа што тој самиот не би можел да ја врши.
Инаку, Лопес (57) поднесе барање за развод од Афлек во август 2024 година, по две години брак. Поранешните сопружници, кои заедно глумеа во филмот Gigli, го финализираа разводот во јануари 2025 година; по разделбата, тие останаа во добри односи и неколку пати се појавија заедно во јавност.