Чао, Кери Бредшо!

По три сезони, серијата And Just Like That... на HBO како продолжение на култната Sex and the City, е официјално откажана. Главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер се збогуваше со својот лик со емотивна порака.

Паркер објави емотивно писмо на Instagram во кое им се заблагодари на сите што ја создадоа серијата со неа, но и на гледачите кои ја сакаа и ја поддржуваа Кери со години, иако понекогаш ја осудуваа.

„Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот 27 години. Мислам дека јас ја сакав најмногу. Знам дека другите ја сакаа, беа фрустрирани од неа, но и навиваа за неа. Таа симфонија од емоции беше најважниот придружник. Засекогаш сум благодарна“, напиша Паркер, потврдувајќи дека ова поглавје е завршено.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Таа додаде дека таа и креаторот на серијата Мајкл Патрик Кинг заеднички одлучија дека And Just Like That... нема да има нова сезона. Серијата, рече таа, беше „радост, авантура и најубав вид на напорна работа во соработка со неверојатна екипа и повеќе од 380 членови на продукцијата“.

And Just Like That... ги соедини Кери, Миранда и Шарлот во Њујорк, но без Саманта, која се појави само во кратка сцена на крајот од втората сезона. Серијата се обиде да балансира помеѓу носталгијата и социјалните теми, но реакциите на публиката и критичарите беа поделени. Некои ги пофалија новите ликови, додека други го критикуваа дијалогот, наметнатиот тон и наративната дезориентација.

Сепак, рејтинзите беа солидни, а крајот на третата сезона остави можност за продолжение што не се случи. Оригиналната серија Sex and the City се емитуваше на HBO од 1998 до 2004 година, шест сезони и 94 епизоди. Освои седум награди Еми, осум Златни глобуси и милиони обожаватели низ целиот свет. По неа следеа два филма, а потоа и продолжението And Just Like That... кое почна да се емитува во 2021 година.

Серијата отворено зборуваше за женската сексуалност, пријателството, модата и модерните предизвици на животот во големиот град. Кери, Миранда, Шарлот и Саманта станаа икони на поп-културата.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Филм & ТВ

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Read more

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Read more

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Read more

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Read more
 

Сцена

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе