Дајте му Оскар додека сè уште знае кој е: Семејството на Брус Вилис бара награда за актерот додека е жив

Брус Вилис беше еден од најпрепознатливите и најсакани актери во Холивуд во последните неколку децении.

Неговата кариера опфаќа разновидни жанрови – од напнати трилери и незаборавни акциони класици, до емотивни драми кои оставија длабока трага во филмската историја. Но, додека здравјето на 69-годишниот актер се влошува со брзо темпо, неговите најблиски сè погласно бараат неговото филмско наследство да биде официјално признато – додека уште може да го доживее тоа.

На чело на оваа тивка, но решителна борба за признание стои Деми Мур – поранешната сопруга на Брус Вилис и мајка на нивните три деца. Заедно со ќерките, веќе со години се обидува да ја убеди Американската академија за филмска уметност и наука да му додели почесен Оскар. Според извори блиски до семејството, фрустрацијата расте бидејќи, и покрај неговиот огромен придонес кон современата кинематографија, признание сè уште изостанува – признание кое, според нив, одамна му припаѓа.

„И таа и девојките веруваат дека придонесот на Брус за модерниот филм е неспорен. Сите знаат дека одамна заслужи таква чест, а времето истекува“, изјавил неименуван извор.

Она што ја прави оваа иницијатива уште поважна е здравствената состојба на Вилис. Во февруари 2023 година, неговото семејство објави дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција – прогресивна и неизлечива болест која влијае на говорот, однесувањето и когнитивните функции. Претходно му беше дијагностицирана и афазија, што значително ја ограничуваше неговата способност за понатамошна работа.

По овие дијагнози, Брус се повлече од светот на филмот. Неговата последна улога беше во 2023 година, во филмот „Assassin“, каде што играше шеф на воена корпорација. Иако повеќе не се појавува на филмските сетови, неговото име и понатаму е синоним за акциониот жанр, во кој беше пионер и еден од највлијателните актери.

Поретко, но болно, се појавува споредба со други холивудски великани, што дополнително ја засилува горчината кај семејството. Кога, на пример, Том Круз и Семјуел Л. Џексон добија почесни Оскари, семејството на Вилис не можеше да го сокрие чувството на неправда.

„Секако, Том има со што да се гордее – го врати народот во кино со ‘Top Gun: Maverick’, но Брус е подеднакво важен за историјата на акциониот филм. И тој има снимено класици“, вели изворот.

Тој додава дека е неправедно што Академијата годинава одлучила да ги награди оние што сè уште се активни, додека Брус, не по своја волја, е принуден да се повлече поради сериозна болест.

„Академијата згреши што ја истакна заслугата на Том, но не и на Брус. Тоа само го зголемува притисокот врз семејството да преземе нешто додека сè уште има време“, додава изворот.

Деми Мур и Брус Вилис беа во брак 13 години, но останаа блиски и по разводот. Нивната семејна динамика со години се истакнува како пример за пријателство и заемна почит. И додека Деми денес ужива во критичкиот успех на нејзиниот филм „The Substance“, нејзината лична амбиција не го засенува она што го смета за своја мисија – поранешниот сопруг да биде овековечен додека е сè уште жив.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Read more

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Read more

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?

Read more

Дилерката на Метју Пери чека пресуда и казна

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?

Читај повеќе

Дилерката на Метју Пери чека пресуда и казна

Читај повеќе
  • play_arrow

Обри Плаза е бремена, 15 месеци по смртта на сопругот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Отфрлена тужбата за сексуално вознемирување на Блејк Лајвли против Џастин Балдони

Читај повеќе

Траволта ќе дебитира како режисер на Канскиот филмски фестивал

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов трејлер за Mother Mary со Ен Хатавеј во главната улога

Читај повеќе