The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Филмот The Devil Wears Prada 2 продолжува да дава импресивни резултати на киноблагајните. Долгоочекуваното продолжение, во кое глумат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенлу Тучи, ја надмина вкупната заработка на оригиналот од 2006 година за само две недели.

За време на вториот викенд од објавувањето, филмот заработи дополнителни 43 милиони долари во американските кина и уште 75,8 милиони долари на меѓународните пазари. Ова се надоврзува на исклучително успешниот викенд на отворањето, кога заработи повеќе од 77 милиони долари во САД, додека неговото глобално отворање донесе дури 233 милиони долари.

Со овие резултати, продолжението веќе ја надмина вкупната заработка на првиот филм, која изнесуваше 326 милиони долари, без да се земе предвид инфлацијата. Благодарение на овој успех, Disney стана и првото холивудско студио кое надмина две милијарди долари глобална заработка во 2026 година.

Remote video URL

The Devil Wears Prada 2 исто така покажува голем интерес кај публиката. Падот на гледаноста во вториот викенд беше само 43 проценти на домашно ниво и 46 проценти во странство, што укажува дека филмот веројатно ќе ја задржи својата висока популарност во наредните недели. Моментално има 78 проценти позитивни критики од критичарите и 86 проценти позитивни оценки од публиката на Rotten Tomatoes.

Дваесет години откако дефинираа генерација со своите легендарни улоги, Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат како Миранда, Енди, Емили и Најџел. Приказната ги враќа на модните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на списанието Runway во долгоочекуваното продолжение на феноменот од 2006 година.

Во актерскта екипа се и Кенет Брана, Симон Ешли, Џастин Теру, Луси Лиу, Патрик Брамал, Кејлеб Хирон, Хелен Џ. Шен, Полин Шаламе, Б.Џ. Новак и Конрад Рикамора.

Буџетот за The Devil Wears Prada 2 наводно бил 100 милиони долари.

Тагови
реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Филм & ТВ

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Read more

Кои се најгледаните серии на Netflix досега?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Read more

Сцена

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најгледаните серии на Netflix досега?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Читај повеќе
  • filter

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Читај повеќе
  • play_arrow

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Читај повеќе

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Читај повеќе

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Читај повеќе

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Читај повеќе