Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Од почетокот на декември, македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски ќе започне со редовни проекции во Кинотеката на Македонија. Публиката ќе има можност да го проследи филмот на следните термини:

1 декември (18:00 ч.), 2 декември (18:00 ч.), 3 декември (20:00 ч.), 11 декември (20:00 ч.) и 20 декември (20:00 ч.).

Цената на влезницата изнесува 150 денари.

„Диџеј Ахмет“ е дебитантски долгометражен филм на Унковски, кој ja прикажува емотивнаta приказна за 15-годишниот Ахмет, тинејџер од јуручко село во Македонија, кој го игра младиот актер Ариф Јакуп. Ахмет наоѓа засолниште во музиката, обидувајќи се да се справи со строгите очекувања на својот татко, конзервативната средина и првото љубовно искуство со девојка која веќе е ветена на друг.

Филмот е копродукција меѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, како и „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.

Својата светска премиера „Диџеј Ахмет“ ја имаше на престижниот фестивал во Санденс на 23 јануари 2025 година, каде што освои две награди: наградата од публиката во програмата World Cinema и Специјалната награда на жирито за креативна визија. По Санденс, филмот беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал, каде се натпреваруваше за наградата Срцето на Сараево, а македонската премиера се одржа на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во септември 2025 година.

Во актерската екипа, покрај Ариф Јакуп, настапуваат Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим, Атила Клинче, Наџи Шабан, Елхаме Билал и други.

Со емотивен пристап и свежа режисерска енергија, филмот на Унковски ветува да привлече широка публика и да продолжи успешниот пат започнат на светските филмски фестивали.

Целосниот репертоар на Кинотека за декември погледнете го ТУКА.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Филм & ТВ

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Read more

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе