Излезе официјалниот трејлер за Scream 7

Paramount Pictures го објави првиот трејлер за седмиот по ред филм од серијалот Scream.

Remote video URL

Кога нов убиец со Ghostface маска ќе се појави во мирниот град каде што Сидни Прескот (Нив Кембел) изградила нов живот, нејзините најтемни стравови се остваруваат кога нејзината ќерка (Изабел Меј) станува следната цел. Решена да го заштити своето семејство, Сидни мора да се соочи со ужасите од своето минато за да стави крај на крвопролевањето, еднаш засекогаш.

Режисер на седмиот дел од франшизата е Кевин Вилијамсон, кој беше продуцент и сценарист во првите филмови од серијалот.

Нив Кембел, по отсуството од претходниот дел, се враќа да ја репризира улогата на Сидни, а тука е и Кортни Кокс како вечната Гејл Ведерс. Тука се и Мејсон Гудинг и Џезмин Савој Браун како Чед и Минди, внуците на Ренди Микс, другарот на Синди убиен во вториот филм. Мелиса Барера и Џена Ортега, кои ги глумеа полусестрите Сем и Тара Карпентер во претходните два филма, одлучија да си заминат од проектот.

Интересно, иако ликот на популарниот полицаец Дуи Рајли беше убиен во петтиот филм (2022), името на Дејвид Аркет се појавува на листата на актерската екипа. Таму се и имињата на Метју Лилард и Скот Фоули, кои ги играа улогите на Сту Макер и Роман Бриџер, убијците од првиот и третиот филм. Не се знае која е нивната улога во новиот дел.

Премиерата на Scream 7 е закажана за 27 февруари 2026 година во САД.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more

Филм & ТВ

Официјален трејлер за хоророт Insidious: Out of the Further

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Read more

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Официјален трејлер за хоророт Insidious: Out of the Further

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Читај повеќе
  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе