Изненадување за фановите: Пристигнува продолжение на филмот што освои три Оскари во 2011 година

Петнаесет години по премиерата на филмот The Social Network, најавено е продолжение кое ќе истражува нови поглавја во приказната за една од највлијателните социјални мрежи денес.

Иако оригиналниот филм од 2010 година го режираше Дејвид Финчер, новиот дел го режира Арон Соркин - сценаристот на првиот дел и добитник на Оскар.

За разлика од претходниот филм, кој беше инспириран од книгата „The Accidental Billionaires“, продолжението има работен наслов The Social Network II и е базирано на серија истражувачки статии наречени „The Facebook Files“, кои беа објавени од Wall Street Journal во 2021 година.

Овие текстови ги разоткриваат внатрешните проблеми на компанијата Meta (порано Facebook), вклучувајќи ги негативните ефекти од алгоритмите, ширењето на дезинформации и конфликтот помеѓу профитот и етиката.

Remote video URL

Продолжението го продуцира Sony Pictures, а меѓу продуцентите се Тод Блек, Питер Рајс, Стјуарт Бесер и самиот Соркин. Актерската екипа сè уште не е потврдена и останува непознато дали Џеси Ајзенберг ќе ја повтори својата улога како Марк Закерберг.

За потсетување, првиот филм беше огромен успех - заработи 226 милиони долари низ целиот свет и освои три Оскари, вклучувајќи го и Оскарот за најдобро адаптирано сценарио. Покрај Ајзенберг, во филмот глумеа и Ендјру Гарфилд, Џастин Тимберлејк и Руни Мара.

Интересно е што Соркин зборуваше за можно продолжение уште во 2021 година, нагласувајќи дека би го направил само ако Финчер се согласи да режира. Сепак, оттогаш се предомисли и веќе почна да го пишува сценариото. Новиот филм е сè уште во рана фаза на развој, но со оглед на моменталната тема и претходниот успех, очекувањата се големи.

Тагови
реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Read more

Официјален трејлер за Mayday со Рајан Рејнолдс

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кои 10 актери се фаворити за новиот Џејмс Бонд?

Read more

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Читај повеќе
  • filter

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Mayday со Рајан Рејнолдс

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кои 10 актери се фаворити за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ал Пачино уште жали што ја одбил улогата со која се прослави Брус Вилис

Читај повеќе
  • play_arrow

Што им требаше да го викаат Џастин Бибер да пее на финалето?

Читај повеќе

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Читај повеќе
  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе