Netflix ги објави првите детали за шестата и последна сезона од популарната серија Emily in Paris, при што Емили Купер овој пат го напушта Париз и се впушта во нова европска авантура.
Главниот дел од последната приказна ќе се одвива во Грција, додека Емили ќе мора да се соочи со важни одлуки што би можеле да ја одредат нејзината иднина.
Лили Колинс се враќа како модната и бизнис-ориентирана Емили Купер, а првите фотографии сугерираат дека последната сезона ќе донесе нова љубов и деловни интриги.
Заплетот ќе продолжи по настаните од петтата сезона, во која Емили се врати во Париз откако отвори канцеларија за нејзината маркетинг компанија во Рим. Нејзината италијанска авантура ѝ донесе и кратка романса што на крајот заврши, додека нејзината комплицирана врска со готвачот Габриел, кој го игра Лукас Браво, остана нерешена.
Првите фотографии од новата сезона сугерираат дека Габриел повторно би можел да игра важна улога во приказната на Емили.
Грција ќе послужи како сосема нова позадина за последното поглавје од серијата. Креаторот Дарен Стар претходно најави амбициозен крај, нагласувајќи дека сакаат да го создадат „најголемото Emily in Paris искуство досега“.
Според него, токму патувањето и промената на европските локации се еден од важните елементи што ѝ даваат на серијата посебна атмосфера.
Во последната сезона, Емили ќе се соочи со големи лични и професионални одлуки. Netflix во најавата вели дека нејзините амбиции, љубовните врски и животот што го изградила во Париз повторно ќе се најдат на раскрсница.
Затоа, Емили ќе мора да одлучи каде навистина припаѓа и каква иднина сака.
Say bonjour to your first look at Emily in Paris Season 6, returning December 24! pic.twitter.com/1hjeKBR8jw
— Netflix (@netflix) August 26, 2026
Иако снимањето на преостанатите епизоди сè уште се одвива во Франција, целата последна сезона ќе пристигне на Netflix на 24 декември.
Покрај тоа што ќе ја повтори својата главна улога, Лили Колинс ќе биде и еден од продуцентите на серијата. Во екипата се и Филипин Лерој-Болје како Силви, Ешли Парк како Минди и Самуел Арнолд како Жулиен.
Во последната сезона, повторно ќе ги видиме и Лукас Браво, Лусjен Лависконт, Бруно Гуери, Вилијам Абади, Мини Драјвер и Пол Форман.
По шест сезони, Емили Купер ќе се збогува со публиката, а останува да се види дали ќе го напише своето последно поглавје во Париз, Рим, Грција или во некој сосема друг дел од Европа.
Por fin está aquí. ✨
— Netflix Latinoamérica (@NetflixLAT) August 26, 2026
Dile bonjour al primer vistazo a la temporada 6 de 'Emily en París'.
Disponible el 24 de diciembre. pic.twitter.com/B4MY381Z4P