Три земји доживеаа дебакл откако публиката не им даде ниту еден поен на 70-то издание на Евровизискиот натпревар што се одржа во Виена. Тоа се Обединетото Кралство, Германија и Белгија.
Имено, британскиот претставник Сем Батл, познат како Look Mum No Computer, ја изведе песната „Eins, Zwei, Drei“ во финалето, чиј наслов е на германски јазик.
Исклучок во британското рангирање останува Сем Рајдер со песната „Space Man“ од 2022 година, додека Обединетото Кралство генерално бележи лоши резултати на ова натпреварување во последните години.
Исто така, Германија, претставена од Сара Енгелс со песната „Fire“, не успеа да освои ниту еден глас од публиката, како и Белгија, претставена од Есила со песната „Dancing on the Ice“, која доби нула поени.
Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд се повлекоа од Евровизискиот натпревар во знак на протест затоа што организаторите му дозволија на Израел да се натпреварува и покрај геноцидот што го врши врз палестинскиот народ.