Кристијано Роналдо влегува во филмскиот бизнис

Кристијано Роналдо, еден од најпознатите фудбалери на денешницата, одлучи да зачекори во светот на филмот. Во соработка со познатиот британски режисер Метју Вон, тој го основа независното филмско студио UR•Marv, кое има за цел да ја револуционизира филмската индустрија.

UR•Marv е замислен како иновативна платформа која комбинира напредна технологија со традиционални начини на филмска продукција, пишува Variety. Фокусот ќе биде ставен на акционите филмови кои би можеле да го редефинираат жанрот. Првите два проекта на студиото се веќе завршени, додека третиот е во развој и сите се дел од истата серија.

„Ова е возбудлив период за мене додека се префрлам во нови деловни потфати“, рече Роналдо.

Креативно партнерство со Вон

Метју Вон се прослави со успешните филмови како Kick-Ass, Kingsman и X-Men: First Class. Неговата работа има специфичен визуелен идентитет и брза нарација, што го прави идеален креативен партнер за Роналдо.

„Кристијано постигна нешто со своите настапи на теренот што ги надминува моите сценаристички вештини. Заедно создаваме филмови кои ќе ги инспирираат другите. Тој е вистински суперхерој“, изјави Вон.

UR•Marv не е првиот чекор на Вон надвор од режијата, неговото студио Marv со години продуцира филмови и развива франшизи, вклучувајќи ги и претстојните продолженија на Kingsman.

Медиумска експанзија на Роналдо

Роналдо веќе некое време се обидува активно да се вклучи во медиумската индустрија. Тој инвестираше во португалскиот медиумски конгломерат Medialivre, а во 2024 година го отвори каналот на YouTube UR Cristiano, каде што споделува лични приказни, предизвици и содржини од неговиот секојдневен живот со обожавателите.

Овие потези јасно ја покажуваат неговата амбиција да ја обезбеди својата позиција во светот на забавата и медиумите, за да остане релевантен и влијателен и по кариерата на спортските терени.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Додик по обидот да биде уапсен: Србите нема да одат во војна - но вие обидете се

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Филм & ТВ

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Read more

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе