Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 12.05.2025 / 14:26

Краткометражниот филм „Избор“, во режија на Марко Црногорски и во продукција на Дарма Филм, бележи значајни успеси на меѓународната фестивалска сцена, освојувајќи ја наградата за најдобар краткометражен филм на престижниот 20. South East European Film Festival во Лос Анџелес (SEEfest).

Ова признание доаѓа по светската премиера на филмот на 34. издание на фестивалот во Паленсија, Шпанија, и учеството на уште два Oscar qualifying фестивали: Cine Lebu во Чиле и Alexandria Short Film Festival во Египет.

На SEEfest во Лос Анџелес, каде годинава се прикажаа филмови од повеќе од 20 земји од Југоисточна Европа и дијаспората, „Избор“ беше издвоен од жирито како филм што „го обзема гледачот од првиот кадар, со френетичен визуелен стил што ја одразува внатрешната борба на главната хероина“. Во образложението на жирито се истакнува дека филмот не морализира, туку ги предизвикува гледачите да ги преиспитаат сопствените ставови преку емпатија и итност, оставајќи силен впечаток како човечка приказна за автономијата и сочувството.

Во филмот настапуваат актерите Сара Сандева, Ева Велиќ, Игор Ангелов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Ѓорѓи Јолевски, Сара Анастасовска и Дарко Богески. Креативниот тим го сочинуваат костимографот Роза Трајческа Ристовска, сценографот Дејан Ѓошевски, дизајнерот на звук и микс Дарко Спасовски, композиторот Блажен Настевски, монтажерот Михаил Димитров и директорот на фотографија Наум Доксевски. Сценариото е напишано од Јана Пауноска и Марко Црногорски, а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

„Избор“ е дебитантски краток филм на Марко Црногорски, кој во изјава за Kajgana.com вели:

„Филмот се состои од два кадри, од кои едниот трае 13 и пол минути – што беше вистински предизвик, но и неопходно за да ја раскажеме приказната на автентичен начин. Приказната следи млада мајка која, поради нов закон што ја забранува нејзината закажана абортус процедура, е приморана да побара илегално решение.“

Филмот наидува на позитивен прием од публиката и критиката, а режисерот Црногорски изрази благодарност до „малиот, но посветен тим“ кој го донесе филмот до гледачите ширум светот.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а успехот на „Избор“ претставува значаен поттик за македонската кинематографија и младите автори. Ова е само почеток на фестивалската кариера на филмот, со најави за учество на уште филмски фестивали во наредниот период.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Филм & ТВ

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Read more

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Read more

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Read more

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе