Американско-канадскиот актер и уметник Ерик Бауза, познат по тоа дека го позајми гласот за ликови од франшизата Looney Tunes, почина вчера, на 46 години.
Неговото семејство ја потврди ненадејната смрт во изјава објавена на Instagram, без да наведе дополнителни детали, пренесува BBC.
Според списанието Variety, Бауза починал во неделата во својот дом; причина за смртта било хипертензивно кардиоваскуларно заболување, поврзано со висок крвен притисок.
Во текот на својата кариера, Бауза позајмуваше глас за бројни анимирани ликови, меѓу кои Душко Долгоушко, Елмер Фад и други ликови од Looney Tunes. Неговиот глас можеше да се слушне и во овогодинешниот анимиран филм Coyote vs. Acme, како и во неодамна објавениот Forgotten Island.
Во филмот Space Jam: A New Legacy од 2021 година, тој ги позајми гласовите на Дафи Дак, Порки Пиг, Елмер Фад и Фогхорн Легхорн – улоги што подоцна ги повтори во Coyote vs. Acme.
Тој, исто така, го позајми гласот на Toad General во анимираниот филм од 2023 година The Super Mario Bros. Movie, како и во неговото продолжение, The Super Mario Galaxy Movie.
За својата работа во анимирани телевизиски серии, Бауза освои три награди Еми за извонредна гласовна изведба во периодот помеѓу 2022 и 2025 година.
Претседателката на Warner Bros. Television Group и американските мрежи, Ченинг Данџи, му оддаде почит, истакнувајќи дека тој бил исклучителен уметник кој, преку својот талент, донел радост и смеа кај милиони луѓе ширум светот.