Неочекувани победници и гафови на доделувањето на наградите Еми

Синоќа се одржа на 77-то доделување на наградите Еми, вечер посветена на најистакнатите и најхрабрите телевизиски серии на годината. Домаќин на вечерта беше комичарот Нејт Баргаци, а иако сериите Severance и The White Lotus имаа по десет номинации, вечерта донесе бројни изненадувања и неколку непријатни моменти.

The White Lotus остана без награди

Иако беше меѓу најфалените серии на годината, The White Lotus на крај не освои ниту една награда. И покрај големите очекувања и силната конкуренција, серијата не успеа да ги надмине насловите како Severance и The Pitt и остана со празни раце.

Во категоријата Најдобра актерка во споредна улога во драмска серија фаворитки беа актерките од The White Lotus – Кери Кун, Паркер Поузи, Наташа Ротвел и Ејми Лу Вуд. Но, поделбата на гласовите меѓу нив ѝ овозможи победа на Кетрин ЛаНаса од серијата The Pitt.

Remote video URL
Кејти Бејтс без признание

Со оглед на богатата кариера и фалената улога во серијата Matlock, се очекуваше Кејти Бејтс да ја однесе наградата за најдобра актерка во главна улога во драмска серија. Сепак, наградата ја освои Брит Лоуер за моќната изведба во серијата Severance.

Remote video URL
Џеф Хилер ги освои симпатиите и наградата

Еден од најсимпатичните моменти на вечерта беше победата на Џеф Хилер, кој беше награден како најдобар спореден актер во хумористична серија. Иако беше помалку познато име од серија со помала гледаност, неговиот искрен и шармантен говор ја воодушеви публиката. По ова признание, многумина сигурно ќе посакаат да ја погледнат Somebody Somewhere.

Remote video URL
Колин Фарел остана без статуетка

И покрај ѕвездениот статус и силната промотивна кампања, Колин Фарел не успеа да освои Еми. Иако неговата партнерка Кристин Милоти беше наградена, тој изгуби во категоријата актер во главна улога во минисерија. Наградата ја доби Стивен Греам за серијата Adolescence, која самиот ја креираше.

Remote video URL
Гафови на сцената

Доделувањето не помина без гафови. Актерот Џејсон Бејтман погрешно го изговори името на победникот Трамел Тилман, додека водителот Баргаци имаше проблеми со изговорот на имињата на членовите на групата Little Big Town. Особено непријатна беше ситуацијата кога Елизабет Бенкс ги пофали петте номинирани режисерки, а наградата сепак ја доби единствениот маж меѓу нив – Филип Барантини.

Remote video URL
Несигурен настап на водителот на вечерта

Иако е познат по прецизното темпирање во стендап настапите, Нејт Баргаци оваа вечер не се снајде најдобро. Често запнуваше и го губеше ритамот во шегите, а особено збунувачка беше нејасната шега за „тексас оделото“, која многумина ја протолкуваа како алузија на појавувањето на актерката Сидни Свини.

Remote video URL

Целосната листа на наградени може да ја погледнете ТУКА.

Тагови
реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Филм & ТВ

Новиот филм со Том Круз на добар пат да стане најголемиот губитник на сите времиња

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Read more

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Read more

Сцена

  • play_arrow

Новиот филм со Том Круз на добар пат да стане најголемиот губитник на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Читај повеќе
  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе