Нив Кембел се враќа како Сидни Прескот во Scream 8

Нив Кембел повторно ќе ја толкува улогата на Сидни Прескот, враќајќи се во франшизата Scream за нејзиното осмо продолжение. Нејзиното враќање доаѓа по бурен период за серијалот, одбележан со отпуштањето на Мелиса Барера за време на продукцијата на седмиот филм, како и со отсуството на самата Кембел од Scream 6поради спор околу хонорарот. Продуцентските куќи Spyglass и Paramount Pictures одлучија да ја вратат оригиналната ѕвезда на франшизата, пренесува MovieWeb.

Комерцијален успех, потфрли кај критичарите

Иако Scream 7, кој имаше премиера на 27 февруари оваа година, постави рекорд за франшизата со заработка од 63,6 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, филмот доби исклучително лоши критики. Со вкупна заработка од 213,8 ​​милиони долари на светско ниво, тој стана финансиски најуспешниот дел од серијалот.

Сепак, на веб-страницата Rotten Tomatoes има рејтинг од само 29%, што го прави најслабо оценетиот филм во серијалот. Понатаму, од публиката на CinemaScore доби оценка B-, што е иста оценка како онаа за Scream 3.

Подготовки за Scream 8

Кембел го потврди своето учество во претстојниот филм за порталот Deadline. 

„Ќе бидам во филмот“, изјави таа, додавајќи дека проектот е веќе во фаза на развој, иако не откри дополнителни детали. 

„Не можам да ви кажам ништо за Scream 8“, рече таа. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TheWrap (@thewrap)

Сценариото го пишуваат сестрите Лила и Нора Закерман, познати по својата работа на серии како Poker Face, Agents of S.H.I.E.L.D. и Suits, кои беа ангажирани во март. Сè уште не се знае кој ќе го режира филмот. Исто така, останува да се види дали сценаристките ќе го развијат концептот на приказната кој, според оригиналниот сценарист Кевин Вилијамсон, самата Кембел го имала на ум, или пак ќе ја насочат дејството во сосема нов правец. 

Промени во актерската екипа

Иако е потврдено враќањето на Нив Кембел, одредени ликови дефинитивно нема да се појават во осмиот дел. Мелиса Барера изјави дека нема да се врати сè додека правата за франшизата се во сопственост на Skydance Pictures.

Метју Лилард, кој се појави во седмиот дел, изрази дека се чувствува засрамено поради своето учество по отпуштањето на Барера и не планира повторно да се појави. Понатаму, Хејден Панетиер, која го толкуваше ликот на Кирби Рид, нема да се појави во филмот; актерката почина на 16 август оваа година, на 36-годишна возраст.

Тагови
реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Филм & ТВ

Кои се најгледаните филмови и серии на Netflix на сите времиња?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Адам Драјвер одби да се врати во серијата што го прослави

Read more

Актерката Морган Ферчајлд отвори профил на OnlyFans на 76 години

Read more

Сцена

  • play_arrow

Кои се најгледаните филмови и серии на Netflix на сите времиња?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Адам Драјвер одби да се врати во серијата што го прослави

Читај повеќе

Актерката Морган Ферчајлд отвори профил на OnlyFans на 76 години

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина и Бред се откажа од презимето Пит

Читај повеќе

Расел Бранд прогласен за виновен за силување и сексуален напад

Читај повеќе

Кој актер е фаворит на Пирс Броснан за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за The Mandalorian and Grogu

Читај повеќе

Нив Кембел се враќа како Сидни Прескот во Scream 8

Читај повеќе