На лондонската премиера на новиот филм The Odyssey од Кристофер Нолан, познатата актерка Зендаја импресионираше со својата елеганција, но предизвика и остри реакции од јавноста поради обетките што ги носеше.
Зендаја, секогаш кога се појавува, е ѕвезда на црвениот тепих токму поради нејзиниот беспрекорен стил и вечна елеганција. Истото беше и овој пат, па на црвениот тепих за новиот филм The Odyssey, во режија на Кристофер Нолан, таа повторно ја воодушеви публиката со својот стајлинг.
Елегантниот бел фустан, дизајниран од Сајмон Порт Жак, беше направен специјално за неа. Носеше шал кој беше прицврстен на задниот дел од фустанот со лелеава драперија, додека белите чевли „So Kate“ од Кристијан Лубутен го надополнуваа монохроматскиот изглед. Бидејќи фустанот е изработен по нарачка, обожавателите можат само да претпоставуваат колку би можел да чини.
Сепак, нејзиниот накит го привлече вниманието. Фокусот на целиот аутфит беа необичните обетки од чисто злато кои изгледаат како накит што го носеле грчките жени во антиката. Но, овие обетки всушност кријат многу подлабока и помрачна историја.
Се верува дека овој пар златни обетки датира од VII до IX век п.н.е. Иако никој не е сигурен за нивното потекло, многумина велат дека потекнуваат од замокот Зивија во Курдистан, денешен Иран. Според медиумите, обетките ги стекнал Барон Лондон, трговец со антиквитети и стар накит со седиште во Мејфер.
La actriz estadounidense Zendaya llevó unos pendientes históricos persas de más de 3000 años robados a Irán, durante la presentación de la película The Odyssey de Christopher Nolan.
— Daniel Mayakovski (@DaniMayakovski) July 14, 2026
Una estadounidense usando artefactos históricos robados a iraníes mientras su pais les bombardea. pic.twitter.com/yxepiY3FoO
Токму затоа обетките што Зендаја ги носеше на премиерата, предизвикаа бројни дебати на мрежите и ја поделија јавноста. Од една страна, многумина истакнаа дека тие се само убав детаљ:
„Научив нешто ново од неа, сигурно не би отишол во музеј за да ги видам“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
Од друга страна, поради овој пар обетки на Зендаја, многу луѓе го поставија прашањето за начинот на кој антиквитетите завршуваат во приватни колекции, а потоа како украс на познати личности на црвениот тепих. Тие пишуваат на мрежите дека црниот пазар е полн со украдени предмети од земји кои се поранешни колонии:
„Обетките веројатно се од некоја ограбена гробница“, коментираше еден корисник на социјалните мрежи.
„Ја сакам Зендаја, верувам дека немала лоши намери, но не можам да поддржам кражба!“, напиша друг.