Universal Pictures го објави офоцијалниот трејлер за Michael, кинематографскиот портрет на животот и наследството на еден од највлијателните уметници што светот некогаш ги познавал, Мајкл Џексон.
Филмот ја раскажува приказната за животот на Мајкл Џексон надвор од музиката, следејќи го неговото патување од откривањето на неговиот извонреден талент како водач на Jackson Five, до визионерскиот уметник чија креативна амбиција поттикнала неуморна потрага да стане најголемиот забавувач во светот.
Истакнувајќи го и неговиот живот надвор од сцената и некои од најзначајните настапи од неговата рана соло кариера, филмот ѝ дава на публиката место во првиот ред за Мајкл Џексон како никогаш досега. Тука започнува неговата приказна.
Во Michael глумат Џафар Џексон кому ова му е филмско деби, Ниа Лонг, Лора Хариер и Џулијано Круе Валди, заедно со Мајлс Телер и Колман Доминго.
Режисер е Антоан Фуква, а продуценти на филмот се Греам Кинг и Џон Меклејн.