Речиси десет години по филмот Blade Runner 2049, култната научно-фантастична франшиза добива продолжение во форма на серијата Blade Runner 2099.
Дејството се одвива во 2099 година, а главните улоги ги толкуваат оскаровката Мишел Јео и Хантер Шејфер, позната по серијата Euphoria. Ридли Скот, режисерот на оригиналниот филм од 1982 година, е извршен продуцент на проектот.
Мишел Јео ја игра Олвен, репликант чиј животен век се ближи кон крајот, додека Хантер Шефер ја игра Кора, жена која бега од ловец на репликанти. Нивните животи се испреплетуваат во свет дефиниран од постојаниот конфликт меѓу луѓето и вештачките суштества. Првата најава сугерира дека нивниот однос ќе биде централен дел од приказната.
Серијата се надоврзува на светот воспоставен во оригиналниот филм од 1982 година и во продолжението на Дени Вилнев, Blade Runner 2049. Во тој филм, Харисон Форд ја репризираше улогата на Рик Декард, додека Рајан Гослинг го играше репликантот К. Дејството на новата серија се одвива педесет години подоцна и продолжува да истражува општество во кое конфликтот меѓу луѓето и репликантите останува нерешен.
Покрај Јео и Шефер, во актерската екипа се вклучени Димитри Аболд и Луис Грибен. Како гостински ѕвезди се појавуваат Шила Атим, Метју Нидам, Џони Харис и Даниел Ригби. Силка Луиза е шоуранер и извршен продуцент, а Ридли Скот исто така има улога на извршен продуцент. Режисер на првите две епизоди е Џонатан ван Тулекен, кој работел на сериите Shōgun и Dope Thief.
Серијата главно е снимана во Прага, во студијата Barrandov, а дел од снимањето се одвивало и во Барселона. Blade Runner 2099 пристигнува на стриминг-сервисот Prime Video на 25 ноември.