Официјален трејлер за библискиот трилер Zero A.D.
Zero A.D. е американски епски библиски трилер со дејство сместено за време на Mасакрот на невините, како што е раскажано во Евангелието според Матеј од Библијата. Филмот ја раскажува приказната за тоа како младата Дева Марија го заштитува своето дете Исус од злобниот цар Ирод Велики, кој од Рим бил назначен за конзул и владеел со Јудеја, Галилеја, Самарија и други територии.
Режисер е Алехандро Монтеверде, а главните улоги ги играат Дева Касел (ќерката на Моника Белучи), Сем Вортингтон, Бен Менделсон, Гаел Гарсиа Бернал и Џим Кавизел.
Филмот својата премиера ќе ја има на 19 декември во САД.