Официјален трејлер за документарецот К15: Од другата страна
Документарниот филм за најголемиот хумористичен феномен во Македонија, К-15, премиерно ќе биде прикажан на 5 декември од 21:00 часот во Македонски народен театар.
Режијата и сценарио се на Ико Каров, а во продукција на BDG Agency и Good Mood Media.
Наредни проекции ќе има 6, 7, 13 и 14 декември, исто така во МНТ. Картите се во продажба преку kupikarta.com.