OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Третата, а можеби и последната, сезона од серијата на HBO Euphoria, мрачен приказ на изгубената младост на Јужна Калифорнија, следи група средношколски другари на нивниот пат кон седмиот круг на пеколот, што, во визијата на авторот Сем Левинсон, значи влегување во светот на сексуалната работа. 

Додека Ру (Зендаја) шверцува фентанил и работи во стриптиз клуб, а Џулс (Хантер Шефер) станува луксузнa ескорт девојка, Кеси (Сидни Свини) отвора профил на OnlyFans за да плати за нејзината свадба од соништата.

Патувањето на Кеси на OnlyFans започнува со содржина во која таа позира како куче - со уши, јака, поводник и опашка - пие вода од сад на подот. Подоцна, таа се облекува и како бебе, лежејќи со раширени нозе на каучот со тропалка во устата. Нивната домашна помоѓниќка Хуана е задолжена за фотосесиите, што ги налути креаторите на содржини од реалниот живот на OnlyFans, кои веќе се соочуваат со исмејување и презир за нивната работа.

„Има многу смешни и карикатурални содржини“, вели за Variety Сидни Летерс, која создава содржина за OnlyFans од 2017 година.

 „Толку многу од она што е принудена да го прави не е дозволено дури ни на OnlyFans, што е фрустрирачко само по себе. На пример, содржината каде што таа се преправа дека е бебе, каде што е облечена како бебе во пелена. Процесорите на кредитни картички имаат многу строги политики што мора да ги следите, а тие стануваат сè построги.“

Всушност, секоја содржина каде што креаторот се преправа дека е дете, без разлика дали станува збор за вистинско или симулирано малолетно лице, е изрично забранета според политиките на OnlyFans и може да доведе до деактивирање на сметката. Забранетите активности вклучуваат реални, наводни или симулирани ситуации како што се експлоатација, злоупотреба или повреда на лица под 18 години, инцест, бестијалност, некрофилија и силување.

Штетно продолжување на стереотипите

Мејтленд Ворд, една од најуспешните креатори на OnlyFans која заработува шестцифрена плата месечно и претходно глумеше во серијата Boy Meets World, верува дека бебешкиот костим е особено штетен за веќе искривената перцепција за вистинските работници на платформата.

„Во климата во која се наоѓаме, облекувањето како бебе за да се создаде порнографска содржина за OnlyFans беше исклучително вознемирувачко. Тоа повторно служи за продолжување на стереотипот дека сексуалните работници немаат морален компас и дека ќе направат сè за пари“, објаснува Ворд. 

„И секогаш постои оваа лажна стигма дека сексуалната работа е некако синоним за трговија со луѓе и злоупотреба. И тие си рекоа 'Ајде да се пошегуваме за тоа'. Толку е смешно. Мене не ми е дојдено до смеење.“

Објаснување од креаторот на серијата

Сем Левинсон, од своја страна, ја објасни приказната на Кеси на OnlyFans: „Кеси има своја куќичка за кучиња, уши и нос, а тоа има свој хумор, но она што ја прави сцената е фактот дека нејзината домашна помошниќка е таа што ја снима“, изјави тој за The Hollywood Reporter. 

„Секогаш сакавме да најдеме уште еден слој апсурд што би можеле да го додадеме, за да не бидеме премногу во нејзината фантазија или илузија - кул е да скокнеш надвор, да го скршиш четвртиот ѕид.“

Што се однесува до осветлувањето, Левинсон објасни: „Осветливме некои од тие сцени само со оние прстенести светла што таа би ги користела. Кога сте внатре, тоа е прекрасно, светло предно светло, но кога ќе се повлечете назад, тоа е само светлина од базенот, а сè околу него е темно. Едноставно е сурово и вознемирувачко.“

„Очекувано од Холивуд“

Сепак, неговите коментари, според Ворд, малку помогнаа да се отфрли впечатокот дека целата работа е голема шега за креаторите на OnlyFans. 

„Ми кажува многу за тоа зошто приказната за OnlyFans е прикажана онака како што е. Не се сфаќа сериозно“, вели Ворд.

„Ме потсетува на мене како се шетам во долна облека во Boy Meets World. Тоа се само момци во сценариската соба кои смислуваат свои фантазии. Да земете привлечна русокоса и со големи гради и да ја облечете како куче и бебе е навистина бизарно, но исто така и очекувано во Холивуд.“

Погрешен пристап кон бизнисот

Единствениот донекаде реалистичен дел од приказната на Кеси е нејзиниот обид да успее на социјалните медиуми. Наговорена од Меди, Кеси присуствува на забава организирана од популарен инфлуенсер со надеж дека ќе стане вирална. 

„Кога Кеси оди во куќата на инфлуенсер за да снима видео, со оглед на моето искуство во маркетингот, си помислив: 'Добро, тоа е паметно. Тоа е одлична формула'“, вели Аликс Линкс, популарна креаторка на OnlyFans.

„Од друга страна, се вели дека ако само се облечете и правите луди работи, веднаш ќе заработите пари, или едноставно мора да бидете згодни и да имате големи гради и веднаш ќе заработите пари, а тоа не функционира така. Навистина мора да развиете и негувате база на обожаватели“, додава Линкс. 

Сите три креатори со кои разговараше Variety се согласија дека патувањето на Кеси на OnlyFans е обратно - во реалноста, клучно е да изградите голем број следбеници пред да го лансирате вашиот профил.

На крајот на краиштата, прикажувањето на креаторите на OnlyFans во Euphoria првенствено ги храни едноставните стереотипи за сексуалните работници и служи како уште еден пример за тоа како Холивуд ги прикажува во неласкава светлина.

„Сексуалните работници воопшто, вклучувајќи ме и мене, имаат тенденција да бидат чувствителни на тоа како Холивуд нè прикажува, бидејќи тоа прикажување е речиси секогаш грдо“, вели Летерс. 

„Секогаш е апсурдно или депресивно и ретко точно. Кога сте дел од маргинализирана заедница, лесно е да се вознемирите поради одредени прикажувања.“

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Филм & ТВ

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Read more

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Read more

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Read more

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Read more

Сцена

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Читај повеќе
  • filter

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Читај повеќе
  • play_arrow

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Читај повеќе

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Читај повеќе

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Читај повеќе

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Битката за старателство меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се ближи кон крајот

Читај повеќе
  • play_arrow

Третата сезона од Euphoria: Шок ефект или гласот на една генерација?

Читај повеќе