Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Според ново истражување, Мерилин Монро и Сидни Свини се роднини преку заеднички предок од 17-тиот век.

Од MyHeritage наведуваат дека актерките се роднини од деветто колено (со разлика од една генерација). Тие имаат заеднички предок, Езра Пери (околу 1625–1689), кој бил еден од првите англиски доселеници во Сендвич, Масачусетс.

Ѕвездата на серијата Euphoria често ја споредуваа со холивудската икона. Споредбите се интензивираа откако Свини облече бел фустан на премиерата на филмот The Housemaid во декември 2025 година – стајлинг што потсетуваше на славната сцена на Монро од филмот The Seven Year Itch.

На Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2026 година, Свини исто така носеше винтиџ-фустан од дизајнерката Сил Чепмен, кој го долови изгледот на Монро од насловната страница на списанието LIFE (април 1952 година), што дополнително ги поттикна коментарите за нивната сличност.

Рои Мандел, директор за истражување во MyHeritage, изјави дека долготрајните споредби ги поттикнале да ги проверат архивите.

„Луѓето отсекогаш правеле паралели меѓу Сидни Свини и Мерилин Монро, но сознанието дека нивните патишта се вкрстуваат на подлабоко ниво нè инспирираше да побараме вистинска поврзаност во архивите на MyHeritage“, рече тој.

Свини никогаш не ја играла Монро на екранот – за разлика од Ана де Армас во Blonde и Мишел Вилијамс во My Week with Marilyn, кои добија номинации за Оскар за своите улоги. 

Од MyHeritage исто така објавија дека Дакота Џонсон, која неодамна ја играше улогата на Монро заедно со Елен Берстин во краткиот филм на Меги Џиленхол, Flesh Impact, исто така е во роднинска врска со Монро. Според истражувањето, Џонсон е нејзина роднина од деветто колено, со разлика од три генерации.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Филм & ТВ

Актерката Морган Ферчајлд отвори профил на OnlyFans на 76 години

Read more

Уште едно од децата на Анџелина и Бред се откажа од презимето Пит

Read more

Расел Бранд прогласен за виновен за силување и сексуален напад

Read more

Кој актер е фаворит на Пирс Броснан за новиот Џејмс Бонд?

Read more

Сцена

Актерката Морган Ферчајлд отвори профил на OnlyFans на 76 години

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина и Бред се откажа од презимето Пит

Читај повеќе

Расел Бранд прогласен за виновен за силување и сексуален напад

Читај повеќе

Кој актер е фаворит на Пирс Броснан за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за The Mandalorian and Grogu

Читај повеќе

Нив Кембел се враќа како Сидни Прескот во Scream 8

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Кината одбиваат да го прикажуваат новиот филм на Бред Пит и Квентин Тарантино

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Зошто Џејсон Стејтам го игра истиот лик во секој филм?

Читај повеќе