По 14 години се гаси Al Jazeera Balkans

По 14 години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора.

Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн, кој со голем успех работи на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. Al Jazeera Balkans го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.

Во изминатите 14 години, Al Jazeera Balkans е особено препознатлива по својата оригинална содржина поврзана со документарниот сегмент, но и со голем број други проекти. Таа е првата арапска телевизиска станица што емитува програма на јазик различен од арапскиот и англискиот.

Al Jazeera Balkans е присутна во Сараево од средината на септември 2010 година, кога ја купи локалната телевизиска станица NTV Studio 99 од компанијата PEP во сопственост на Адил Куленовиќ за 2,3 милиони КМ, што беше износот на долговите на таа телевизија кон државата.

Во 2018 година, Al Jazeera Balkans го основа AJB DOC, фестивал на документарен филм, кој се одржува во Сараево секој септември.

Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини, пишува босанскиот медиум Klix.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Филм & ТВ

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Read more

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?

Читај повеќе

Дилерката на Метју Пери чека пресуда и казна

Читај повеќе