Повлечена епизодата на South Park во која го исмеваат Чарли Кирк

Paramount делумно повлече неодамнешна епизода од South Park во која го исмеваат Чарли Кирк, откако конзервативниот активист беше убиен на митинг во Јута.

Иако епизодата насловена како „Got a Nut“ е сè уште достапна на платформата Paramount+, таа повеќе не се прикажува во репризи на South Park на Comedy Central, објавува Deadline.

Додека полицијата продолжува со потрагата по убиецот на 31-годишниот Чарли Кирк, некои поддржувачи на движењето MAGA го вперија прстот кон анимираната сатира. Paramount не коментираше за одлуката за повлекување на епизодата, но извори блиски до ситуацијата велат дека тоа е веројатно привремена мерка додека не се смират политичките тензии.

Тоа е втората епизода од тековната 27-ма сезона од серијата, која премиерно се емитуваше на 6 август и направи пародија од стилот на водење дебати на Кирк. Чарли Кирк не е прикажан во неа ни приближно толку сурово како, на пример, Кристи Ноем, државната секретарка за национална безбедност.

Remote video URL

Покрај тоа, штом добил навестување од трејлерот дека ќе се појави во нова епизода од South Park, Кирк со ентузијазам го прифатил и привремено ги заменил своите профилни слики на својот YouTube канал со клип од серијата. Откако епизодата се емитувала, Кирк ја опишал како урнебесна и додал дека South Park ја разбрале поентата.

„Имаме смисла за хумор кога некој ни се потсмева. Ова е всушност победа. Ние конзервативците имаме дебела кожа, а не тенка, и можете да ни се смеете, тоа не ни пречи“, рекол Кирк, а потоа коментирал за епизодата откако се емитувала:

„Не е лошо, Картмен“.

Подоцна ја коментирал епизодата со лежерен тон во својот подкаст, кажувајќи за Fox News дека тоа е како медал за чест за него.

„Како конзервативци, треба да можеме да сфатиме шега. Не треба да се сфаќаме премногу сериозно, тоа е она што левицата отсекогаш го правела“, додал тој.

Слична реакција имал и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој по појавувањето во серијата, каде што беше прикажан како низок и дебел, но и како подмолен подлизурко на идниот диктатор Доналд Трамп.

„Конечно успеав“, напиша тој како коментар за тоа како беше прикажан во серијата.

The Hollywood Reporter забележува дека повеќето поддржувачи на MAGA сè уште не мислат дека сатиричната серија треба да се обвинува, бидејќи во своето постоење не пропуштила речиси ниедна значајна фигура во американскиот јавен живот.

Еден профил на X со ознака „MAGA“ напиша:

„Не ги обвинувам South Park. Тие не се наши лидери, претставници, ментори, пастори, модели на улоги или обликувачи на нашето општество. Тие се - сатира!“

реклама

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Падна ChatGPT 

Read more

Ново правило за батериите на мобилните во ЕУ од 2027 година

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Филмската адаптација на играта Call of Duty ќе пристигне во 2028 година

Read more

Официјален трејлер за хоророт Insidious: Out of the Further

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмската адаптација на играта Call of Duty ќе пристигне во 2028 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за хоророт Insidious: Out of the Further

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Читај повеќе
  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе