Приказната за Брижит Бардо и синот што не го посакувала: Се смириле дури во подоцнежните години

Филмската икона Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, зад себе остави еден син – Никола-Жак Шарје, дете чиешто доаѓање никогаш не го посакувала. Нивниот однос со децении бил исполнет со горчина, дистанца и судски спорови.

Бардо го родила синот во 1960 година, во брак со актерот Жак Шарје, нејзин колега од филмот Babette s'en va-t-en guerre. Бременоста ја доживувала како најголема трагедија во животот и никогаш целосно не ја прифатила улогата на мајка. Во тоа време абортусот во Франција бил нелегален, а актерката, преплашена и очајна, безуспешно се обидувала да најде лекар што би ѝ помогнал да ја прекине бременоста.

Во своите мемоари „Initiales B.B.“ од 1996 година, Бардо го опишала детето што го носела како „мал тумор“. Напишала: „Го гледав мојот рамен, виток стомак во огледало како драг пријател, на чиј ковчег токму требаше да го спуштам капакот“. Во едно интервју изјавила дека „подобро би родила мало куче“.

За време на бременоста се удирала во стомакот, а од лекарите барала морфиум со надеж дека ќе предизвика абортус. Патела од мачнини и депресија и се криела од јавноста, бидејќи не сакала никој да ја види бремена.

Породувањето било вистински медиумски циркус што дополнително ја трауматизирало. „Беше лудило. Во мојата куќа беше поставена импровизирана породилна сала, фотографи зад прозорците, некои маскирани како лекари. Немаше никаква приватност. Беше ужасно“, напишала таа. Само осум месеци по породувањето, Бардо се обидела да си го одземе животот.

По разводот со Шарје во 1962 година, целосното старателство над синот му припаднало нему. Никола со години не ја гледал мајка си, а кога на 12-годишна возраст побарал да живее со неа – таа го одбила.

Односот со децении бил напнат. Никола не ја поканил мајка си на својата свадба во 1984 година, а по објавувањето на нејзината автобиографија целосно го прекинале контактот. Поради навредливите изјави ја тужел и добил отштета. Во 90-тите се судриле и поради алиментација, кога судот ѝ наложил да му исплати 250.000 франци.

Сепак, во подоцнежните години односите се подобриле. Во интервју за Var Matin во 2018 година, Бардо изјави: „Редовно се слушаме. Живее во Норвешка и ме посетува еднаш годишно, сам или со семејството, сопругата и моите внуки“. Додаде: „Го сакам на посебен начин. И тој ме сака мене“.

Никола-Жак денес има 65 години, живее во Норвешка со сопругата, има две ќерки и во меѓувреме станал и дедо.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе