Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

За време на настанот Amazon Upfront, Amazon го објави првиот тизер за својата претстојна суперхеројска серија Spider-Noir, во која Николас Кејџ го игра популарниот суперхерој Спајдермен. Кејџ го позајми гласот на истиот лик во анимираниот филм Spider-Man: Into the Spider-Verse.

Variety потврди дека играната серија ќе биде достапна во две верзии - црно-бела и во боја - што, според Вернон Сандерс, раководител на телевизијата во Amazon MGM Studios, е прв таков случај во историјата на телевизијата.

Дејствието на серијата Spider-Noir се одвива во Њујорк во 1930-тите и го следи Кејџ во улогата на остарен и несреќен приватен истражител кој, како единствен суперхерој во градот, е принуден да се соочи со своето минато. Серијата е базирана на стрипот на Marvel Spider-Man Noir.

Покрај Николас Кејџ, во серијата глумат Ламорн Морис, Брендан Глисон, Абрахам Попула, Ли Џун Ли, Карен Родригез и Џек Хјустон. Меѓу гостинските настапи ќе бидат Лукас Хас, Камерон Бритон, Кери Кристофер, Мајкл Костроф, Скот Макартур, Џо Масингил, Витни Рајс, Аманда Шул, Ендру Колдвел, Ејми Акино, Ендру Робинсон и Каи Кастер.

Серијата премиерно ќе се прикаже во 2026 година на телевизискиот канал MGM+ во САД, додека еден ден подоцна ќе стане достапна глобално преку платформата Prime Video.

Spider-Noir е во продукција на Sony Pictures Television и Prime Video, а Хари Бредбир ќе ги режира првите две епизоди и ќе биде извршен продуцент. Орен Узиел и Стив Лајтфут ќе бидат шоуранери и извршни продуценти. Серијата е развиена во соработка со тимот награден со Оскар зад анимираниот филм Spider-Man: Into the Spider-Verse.

 

 

 

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Филм & ТВ

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Read more

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Read more

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Read more

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе