Расел Кроу разочаран од продолжението на Gladiator

Филмскиот спектакл Gladiator од 2000 година, во режија на Ридли Скот, ја врати популарноста на жанрот мечеви и сандали и му донесе Оскар на главниот актер Расел Кроу.

Дваесет и пет години подоцна, Кроу призна дека не е обожавател на неодамнешното продолжение Gladiator II, тврдејќи дека му недостасува клучен елемент што го направил оригиналот ремек-дело.

Имено, актерот бил вознемирен од главната премиса на продолжението - откриена во промотивните материјали за филмот од 2024 година - дека Луциус (Пол Мескал) е всушност вонбрачен син на неговиот лик Максимус, објавува The Playlist.

Кроу верува дека таков заплет, за кој нема ниту трага во оригиналниот филм, го поткопува „моралното јадро“ на неговиот лик.

„Мислам дека неодамнешното продолжение, кое, знаете, не треба да го именуваме, е навистина несреќен пример за тоа како дури и луѓето во системот не разбираат што го направило првиот филм посебен“, рече Кроу во неодамнешно интервју за австралискиот медиум Triple J. „Не стануваше збор за помпезноста. Не стануваше збор за околностите, не стануваше збор за дејството. Стануваше збор за моралното јадро.“

Remote video URL

Актерот потсети дека целата приказна од првиот филм се темели на посветеноста на Максимус да ја одмазди својата убиена сопруга и син. Идејата дека посветениот семеен човек имал афера со Лусила (Кони Нилсен), ќерката на царот Марко Аврелиј, е неприфатлива за Кроу бидејќи ја поткопува основата врз која е изграден ликот.

Тој, исто така, откри дека дури и за време на снимањето на оригиналниот филм, морал да се бори за да го зачува интегритетот на ликот на Максимус.

„На тој сет буквално имало постојана борба. Тоа била секојдневна борба да се одржи тоа морално јадро на ликот“, се присети Кроу.

„Повеќе пати беа предлагани секс сцени и слични работи за Максимус, а тоа, по мое мислење, му ја одзема силата. Значи, сакате да кажете дека додека имал жена се е*ел со оваа другава? Што зборувате? Тоа е глупост.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by triple j (@triple_j)

И покрај критиките на Кроу, Gladiator II беше огромен успех минатата година. Филмот заработи 462,1 милиони долари на светските киноблагајни и доби претежно позитивни критики од критичарите. Режисерот Ридли Скот веќе навести можност за трето продолжение, откривајќи дека веќе почнале да запишуваат идеи за сценарио.

реклама

Филм & ТВ

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Read more

Сцена

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Читај повеќе

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Читај повеќе
  • play_arrow

Avengers: Endgame Encore „растура“ откако се врати во кината со досега невидени сцени

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално потврдено: Ќе се снима Saw 11

Читај повеќе
  • play_arrow

„Гремлини“ се враќа по 38 години, објавен првиот тизер

Читај повеќе