Постои само еден филм со Арнолд Шварценегер за кој отсекогаш се надевал дека ќе добие римејк и за среќа му се остварила желбата.
Имено, 78-годишниот актер неодамна се сретнал со Глен Пауел и режисерот Едгар Рајт на премиерата на The Running Man (2025), римејк на неговиот истоимен филм од 1987 година.
„Единствениот филм што отсекогаш сакав да го преработам беше The Running Man. Значи, овој навистина ги подигна работите на следно ниво и го направи токму тоа. Акцијата беше неверојатна и креативна“, им рекол Шварценегер на Пауел и Рајт.
Оригиналниот филм, режиран од Пол Мајкл Глејзер, беше делумно базиран на книга од Стивен Кинг, која тој ја напиша под псевдонимот Ричард Бахман.
Во филмот глумат Шварценегер, Мариа Кончита Алонсо, Ричард Досон, Јафет Кото, Џим Браун и Џеси Вентура.
Филмот се одвива во дистописки свет и го следи Бен Ричардс, поранешен капетан што го игра Шварценегер, кој е заробен и регрутиран да се појави во владина емисија наречена „The Running Man“.
Сега, речиси четири децении подоцна, Пауел го става својот печат на ликот. Во новата верзија на филмот глумат Вилијам Х. Мејси, Ли Пејс, Колман Доминго, Џош Бролин, Мајкл Сера, Емилија Џонс, Даниел Езра и Џејм Лосон.
Пред да се согласи на проектот, Пауел рече дека чувствувал потреба да добие благослов од Шварценегер, што и го направил.
Во разговор за списанието People во април оваа година, Пауел рече дека тој и Рајт се поврзале со Шварценегер преку FaceTime.
„Арнолд ни го даде својот благослов. Неговиот син Патрик Шварценегер ми е добар пријател и го прашав Патрик дали можам да разговарам со Арнолд, а не го видов Арнолд откако го снимавме The Expendables во Бугарија“, рече Глен Пауел.
Режисерот Рајт му беше благодарен и на Шварценегер за неговото одобрување откако го виде филмот, споделувајќи објава на Instagram со фотографија од себе, Шварценегер и Пауел како држат лажна банкнота од 100 долари со иконскиот актер.
Римејкот на The Running Man ќе биде достапен во кината од 14 ноември.