Суперхерој и надвор од екранот: Кристијан Бејл отвори центар за згрижување деца

Актерот Кристијан Бејл отвори центар за згрижување деца наречен Together California во Палмдејл, Калифорнија.

Иако го остави костимот на Бетмен зад себе уште во 2012 година, славниот актер не престана да биде суперхерој и надвор од филмското платно.

Според извештаите на американските медиуми, комплексот се простира на површина од над 1.000 квадратни метри и официјално беше отворен во петокот. Целта на центарот е да им овозможи на браќата и сестрите заеднички да влезат во системот за згрижување – нешто што не им е секогаш загарантирано.

„Нашата задача е да ги претвориме нивните скршени срца и болка во љубов, надеж и чувство за иднината“, изјави Бејл.

Комплексот се состои од 12 опремени домови, вклучувајќи и две гарсониери наменети за млади луѓе кои преминуваат од системот за згрижување кон самостоен живот.

Со повеќе од 30.000 деца во системот, Лос Анџелес има најголема популација на деца во згрижувачки семејства во САД. Организаторите изјавија дека Together California ќе понуди програми фокусирани на стабилност, поддршка и грижа.

„Место каде што сите се добредојдени, место што ги одржува семејствата заедно, место што создава заедница, место каде што можете да најдете надеж во најтешките моменти“, изјави Тим Мекормик, извршен директор на Together California, во изјава за локален весник.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Filmthusiast (@filmthusiast)

Бејл има две деца, Лука и Рекс Бејл, со сопругата Сиби Блажиќ. Одгледувањето на сопствените деца го поттикнало да размислува за околностите во кои растат децата без родители. Бејл и Мекормик ги здружија силите во 2022 година за да го започнат проектот и да ја основаат организацијата Together California. Проектот беше реализиран благодарение на донации. По свеченото сечење на лентата, организаторите најавија дека центарот треба да започне со работа веќе следниот месец.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Филм & ТВ

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Read more

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Read more

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Read more

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Read more

Сцена

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе