Тајра Бенкс повторно го тужи Netflix

Американската манекенка Тајра Бенкс поднесе нова тужба против Netflix откако стриминг-сервисот побара отфрлање на нејзиното барање за надомест на штета поради клевета, поврзано со начинот на кој таа е прикажана во документарната серија Reality Check: Inside America's Next Top Model.

Поранешната водителка на America's Next Top Model го тужеше Netflix во јуни поради начинот на кој е прикажана во документарната серија од три дела, која ја истражува историјата на натпреварот за модели.

Netflix поднесе барање за отфрлање на тужбата во август. Netflix и EverWonder Studio исто така поднесоа барање против SLAPP – правна алатка наменета за отфрлање на неосновани тужби.

Во вторникот, на 22 септември, Бенкс и нејзините адвокати поднесоа ново барање во рамките на случајот, овојпат вклучувајќи видеозаписи прикажани едно до друго.

Тие имаат намера да ги искористат овие материјали за да го поткрепат тврдењето дека креаторите на документарната серија Reality Check погрешно ја претставиле Бенкс преку „селективно бришење, менување на редоследот и други техники на монтажа“, објави Deadline.

Првиот пример се однесува на реакцијата на Бенкс на прашањето за сексуалниот напад врз натпреварувачката во America's Next Top Model, Шанди Саливан. Во поднесениот документ се споредува начинот на кој нејзината реакција е прикажана во документарецот со она што е забележано на оригиналната снимка.

„Откако им ја пренесе приказната на Саливан за сексуалниот напад на гледачите, на Бенкс пред камера ѝ беше поставено прашањето: 'Дали се сеќаваш на приказната со Шанди?' Бенкс кимна со главата и рече: 'Хм... се сеќавам на нејзината приказна'.“ 

„Во првата епизода е прикажано прашањето. Прикажан е и моментот 'Хм'. Исечено е кимнувањето со главата меѓу нив, прекинат е одговорот, а екранот станува црн. Излегува дека Бенкс не може да каже дали се сеќава на нападот врз натпреварувачка во нејзиното сопствено шоу. Кимнувањето не било прекинато; тоа било отстрането при монтажата“, се наведува во документот.

Во документот исто така се тврди дека тужените ја поседувале целосната снимка, сфатиле дека таа е во спротивност со впечатоците што сакале да ги создадат и ја монтирале така што да ги пренесат тие лажни впечатоци.

Вториот пример се однесува на разговор за изневерување во кој е вклучена Саливан. Исечокот првично бил емитуван во 2004 година како дел од втората сезона на шоуто, а подоцна бил прикажан и во Reality Check. Во својот поднесок, Бенкс тврди дека разговорот бил неправедно монтиран за да ја прикаже како личност што ја покренала темата за неверство, додека оригиналната снимка – според нејзиниот поднесок – покажува дека Саливан ја прашала Бенкс за нејзиното лично искуство со неверство.

„Во оригиналното емитување, Саливан ја прашува Бенкс дали некогаш изневерила некого или била изневерена. Бенкс одговара, ја гледа Саливан како плаче и прашува дали е добро. Документарниот серијал го исфрла прашањето на Саливан, го менува редоследот на настаните и додава коментатор кој им кажува на гледачите дека не било случајно што таа почнала да зборува за изневерување и дека продуцентите ѝ давале инструкции преку слушалка. Саливан ја покренала темата. Документарниот серијал тврди дека тоа го сторила Бенкс“, се наведува во поднесокот.

Бенкс беше водителка на America's Next Top Model во текот на 23 сезони, од кои првата се емитуваше во 2003 година.

Документарниот серијал на Netflix ги води гледачите низ историјата на емисијата, почнувајќи од концептот на Бенкс развиен заедно со Кен Мок, кој беше ко-извршен продуцент на серијалот покрај неа и исто така учествуваше во документарецот.

Во проектот од три дела, од Бенкс беше побарано директно да се осврне на некои од поконтроверзните моменти од емитувањето на шоуто, вклучително и наводниот сексуален напад врз Саливан за време на втората сезона. Инцидентот се случи за време на епизода снимана во Италија, кога машки модели ја посетија куќата на натпреварувачките.

Во својата тужба, Бенкс тврди дека не била свесна оти Саливан она што ѝ се случило го класифицирала како сексуален напад.

Исто така, се тврди дека во документарниот серијал биле искористени само 16 минути од долгото интервју со Бенкс, како и дека исечоците биле извадени од контекст и прекомпонирани за да поддржат лажен и клеветнички наратив, кој немал врска со она што таа навистина го изјавила.

Откако Netflix поднесе одговор на тужбата, портпарол на компанијата изјави за магазинот People дека стриминг-сервисот планира „енергично да го брани“ документарниот серијал и луѓето што стојат зад него. 

„Режисерите Даниел Сиван и Мор Луши се признати документаристи кои спроведоа детални интервјуа со луѓето вклучени во шоуто America's Next Top Model. На Тајра Бенкс ѝ беше дадена можност отворено да зборува за своето искуство, а креаторите правично ја претставија нејзината перспектива, заедно со оние на сите други учесници прикажани во документарецот. Ние стоиме зад шоуто Reality Check: Inside America's Next Top Model и ќе продолжиме енергично да го браниме“, се вели во соопштението на Netflix. 

Извори од компанијата исто така за People) изјавија дека, уште од почетокот на продукцијата на документарниот серијал, креативниот тим отворено ја истакнувал важноста на гледиштето на Бенкс, но истовремено јасно ѝ ставил до знаење дека таа нема да има уредувачка контрола врз серијалот.

Адвокатот на Бенкс, Том Клер, за People изјави дека нејзината тужба покренува едноставно прашање: „Дали гледачите можат да веруваат дека еден документарец, претставен како приказ на факти, верно го отсликува она што се случило и она што луѓето навистина го кажале?“

Remote video URL
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Read more

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Read more

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Read more

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Читај повеќе
  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе