Уште едно од децата на Анџелина и Бред сака да го отстрани Пит од презимето

Семејните односи меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли е повторно во центарот на вниманието откако нивната ќерка Захара Џоли-Пит поднесе барање за официјална промена на презимето, со што таа ќе стане трето дете на познатата двојка кое одлучило да се откаже од презимето на Пит.

Според судските документи, 21-годишната Захара побарала нејзиното име во иднина да се користи како Захара Џоли наместо Захара Џоли-Пит. Судот треба да одлучи за нејзиното барање на рочиште закажано за 28 септември.

Иако ова е првпат таа да покрене формална правна постапка, Захара навести таква одлука уште во 2023 година кога се претстави како Захара Марли Џоли за време на церемонијата за прифаќање на женското здружение Алфа Капа Алфа на колеџот Спелман. Таа не го користеше презимето на нејзиниот татко за време на неодамнешното примање на дипломата по психологија.

Захара не е единственото дете на славната поранешна двојка што одлучило да го направи овој чекор. Нејзината сестра Шајло законски го отстрани презимето Пит кратко откако стана полнолетна во 2024 година, додека Медокс поднесе барање за истото во мај оваа година, наведувајќи лични причини.

Медокс претходно престана да го користи презимето на Пит во својот професионален живот и не го вклучи во одјавната шпица за филмот Couture на кој работеше како помошник-режисер. Вивиен, исто така, не го користеше презимето на нејзиниот татко кога учествуваше во бродвејската продукција на The Outsiders.

Според претходните медиумски извештаи, на Пит тешко му паднале одлуките за неговите деца, но наводно сè уште се обидува да ги поправи нарушените семејни односи.

Неговиот однос со неговите деца е во јавноста со години по разводот од Анџелина Џоли. Поранешните сопружници се разделија во 2016 година по инцидент во приватен авион, а нивниот долг и комплициран развод официјално беше финализиран кон крајот на 2024 година.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Филм & ТВ

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Read more

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Сцена

  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Раперот Питбул сруши Гинисов рекорд: Собра најмногу „ќелавици“ на едно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Читај повеќе

Шакира е возбудена пред настапот на полувремето на мундијалското финале

Читај повеќе
  • play_arrow

The Pitt и Hacks со најмногу номинации за наградите Еми

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Читај повеќе