Ѕвездата на Euphoria ги брани контроверзните сцени во серијата: Тоа е вистинскиот живот

Актерот Адевале Акинуоје-Агбаџе застана во одбрана на Euphoria по бројните критики за експлицитната и вознемирувачка содржина што ја одбележа новата сезона на популарната драма на HBO.

Британскиот актер го игра криминалецот Аламо Браун во серијата, која следи група млади од Калифорнија кои се соочуваат со предизвиците на животот.

Акинуоје-Агбаџе рече дека креаторот на серијата Сем Левинсон ја допира реалноста и ја подигнува свеста за важните прашања преку содржините во Euphoria.

„Се чини дека серијата стана глас на Генерацијата Z и зборува за проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот“, рече актерот.

Тој додаде дека серијата потврдува многу од искуствата на младите луѓе, вклучувајќи теми како што се менталното здравје и употребата на фентанил, дрога што одзеде многу животи, вклучувајќи го и членот на екипата Ангус Клауд, кој почина од предозирање во 2023 година.

„Сем Левинсон не се воздржува. Нема избегнување на проблемот. Заштитната фолија се отстранува и мислам дека тоа е важно бидејќи се подига свеста преку медиумот на забавата“, додаде тој.

Зборувајќи за критиките од гледачите кои сметаат дека серијата „ги преминала сите граници“, Акинуоје-Агбаџе рече дека светот содржи „многу непријатни елементи“ што луѓето често не сакаат да ги видат.

„Можеме да ги закопаме главите во песок и да седиме во нашите пријатни куќи, но ова се работите од реалноста“, рече тој.

Според него, Левинсон направил многу истражување пред да ја создаде серијата.

„Не е создадено од никаде. Допирате реалност што може да биде непријатна и за која луѓето избираат да не ја видат или не сакаат да бидат свесни“, објасни тој.

Третата сезона од серијата продолжува пет години по завршувањето на втората сезона. Ликот на Нејт, кој го игра Џејкоб Елорди, се соочува со работа во градежна компанија, додека Кеси (Сидни Свини) размислува за кариера на платформата OnlyFans.

Џулс (Хантер Шефер) станува ексклузивна ескорт-девојка, додека Лекси (Мод Апатоу) се обидува да изгради кариера во телевизиската индустрија.

Главниот лик Ру, кој го игра Зендаја, кратко работи како дилер на дрога преку мексиканската граница пред да добие работа кај сопственикот на стриптиз клуб Аламо Браун.

Акинуоје-Агбаџе призна дека играњето на ликот н бруталниот Аламо било предизвик.

„Беше тешко да се биде толку мрачен и малку вознемирувачки одвратен“, рече тој, додавајќи дека темата на серијата и мрачната атмосфера може да бидат непријатни.

Новата сезона доби мешани критики од гледачите за сцените што вклучуваат разни фетиши, голотија, нацистички симболи и закопување живи луѓе.

Пред последната епизода од сезоната, актерот навести дека публиката може да очекува уште поинтензивен развој на настаните. Тој додаде дека гледачите може да очекуваат ситуацијата дополнително да ескалира и дека ликовите ќе мора да се соочат со последиците „во светот на г-дин Браун“.

„Аламо Браун е тука за да донесе непријатно 'будење' на оваа помлада генерација ликови. Тие веќе не се во средно училиште, а некои од нив играле од другата страна на законот. Кога го правите тоа, има многу строги последици“, откри тој.

Рекордно долгото финале на серијата ќе се емитува на HBO оваа недела, 31 мај.

Remote video URL
Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Филм & ТВ

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Read more

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Read more

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Read more

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Read more

Сцена

Netflix бара решение за проблем што самиот го создаде

Читај повеќе
  • filter

7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс

Читај повеќе
  • play_arrow

Ice Age се враќа по 11 години, објавен е првиот тизер

Читај повеќе

Авторката и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“ една година по смртта на сопругот

Читај повеќе

Не запира ни на 80 години: Арнолд Шварценегер снима нов филм

Читај повеќе

Џесика Симпсон откри што сфатила откако се откажала од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Битката за старателство меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се ближи кон крајот

Читај повеќе
  • play_arrow

Третата сезона од Euphoria: Шок ефект или гласот на една генерација?

Читај повеќе