5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

На денешен ден во 2007 година најпознатиот македонски пејач и балканска ѕвезда, Тоше Проески, го одржа својот последен концерт пред трагичната сообраќајка 11 дена подоцна.

Со почеток во 19:30 часот вечерта на 5 октомври на тогашниот Градски стадион во Скопје почна хуманитарниот концерт на Тоше, кој се покажа како негов последен. Билетите чинеа по 200 денари, а целата собрана сума беше за реновирање на стотина училишта ширум Македонија.

Remote video URL

„Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество“, изјави тогаш Тоше.

Remote video URL

Гости на концертот беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.

„Сликајте ме со ѕвезденото небо“, ѝ се обрати Тоше на публиката кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

Утрото на 16 октомври на автопатот Липовац-Загреб, кај местото Нова Градишка во Хрватска, Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на само 26 години, ставајќи крај на една кариера која допрва требаше да блесне во светски рамки.

Денес неговото име го носи стадионот во Скопје, реновиран и со значително зголемен капацитет.

Целиот концерт:

Remote video URL
реклама

МК сцена

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Read more

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Read more

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Read more

Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Read more

Сцена

  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе