„Chat GPT и Македонците“ тргнува на турнеја

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Стендап-комичарот Бојан Велевски денеска ја најави својата нова турнеја „Chat GPT и Македонците“, која стартува на 27 септември во Тетово, ќе помине низ единаесет градови низ Македонија, а големото финале е закажано за 17 ноември во Скопје.

Во фокусот на новото шоу е една од најактуелните теми денес: вештачката интелигенција. Но, наместо уште една сериозна дебата за тоа дали AI ќе ни ги земе работните места и како ќе ни го промени животот, Велевски ја врти приказната од македонска перспектива: што ќе се случи кога ChatGPT ќе се соочи со Македонците?

- Сите се плашат дека ChatGPT ќе нè замени. Јас велам, работата нека ја земе, платата нека остане. А кога ќе види со кого си има работа овде, мислам дека повеќе AI треба да се плаши од нас отколку ние од неа, вели Велевски.

„Chat GPT и Македонците“ преку препознатливи ситуации, локални карактери и секојдневни апсурди зборува и за нешто поголемо: колку брзо технологијата ни го менува животот, но и колку упорно ние успеваме секоја нова технологија да ја приспособиме на нашиот начин на живот. Ко-автор на текстот е Божидар Божиновски, на кого ова му е трета соработка од овој тип со Бојан Велевски. Тој претходно беше текстописец на „Све ли ја да мислам“ (2023) и политичката сатира „МОЖЕВМЕ“ (2024).

Генерален спонзор на турнејата се ланецот маркети SPAR, а поддржувачи на проектот се GET ONE и New Moment. Публиката пред настапот на Бојан Велевски, ќе ја загрева Боби Додевски.

Турнејата започнува на 27 септември во Тетово, во „Иљо Антески Смок“, а продолжува во Гевгелија на 7 октомври, Струмица на 14 октомври, Велес на 21 октомври, Кавадарци на 28 октомври, Битола на 31 октомври, Охрид на 5 ноември, Прилеп на 6 ноември, Штип на 9 ноември и Куманово на 12 ноември. Финалниот настап е закажан за 17 ноември во Скопје, во Ресторан Парк – Ragusa Group.

Сите претстави започнуваат во 20:00 часот, а билетите се веќе во продажба: https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5791

Посебно место во рамки на турнејата ќе има Кочани, каде Бојан Велевски ќе одржи бесплатен настап за граѓаните. Одлуката настапот да биде без продажба на билети е гест кон градот и неговите жители по трагедијата која длабоко ја потресе целата земја.

- Кочани за мене не може да биде само уште една станица на турнејата. По сè што овој град и овие луѓе поминаа, сакав да дојдеме без билети и без комерцијален момент. Не можеме да ја смениме трагедијата, но можеме барем за една вечер да бидеме заедно и да донесеме малку смеа таму каде што долго ја немаше доволно, вели Велевски.

реклама

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Read more

Ердоган по колапсот на инвестициските фондови во Турција: Ќе го исчистиме пазарот од алчните паразити

Read more

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Read more

МК сцена

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Read more

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Read more

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Read more

Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Read more

Сцена

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Читај повеќе

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе