Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината прва насловна страница кога имала неполни 13 години, во сега веќе згаснатиот магазин „Екран“.

„За оние кои не знаат, тогаш Екран беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас. Синоќа кога ми ја испратија сликава во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна. Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав“, носталгично се присети Каролина.

„Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа, (како и во сечиј живот). Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата“, искрена беше пејачката која во објавата се заблагодари на ВБУ Музички регистар „што постојано изненадуваат со вакви заборавени blast from the past моменти“ и шеговито додаде: „Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“.

„А само колку застанувавме пред огледало да пееме како тебе! Преубави времиња“, „Гордост си ни на Битола“, „Пораснавме со тебе“, „Наша инспирација“ се само дел од коментарите на нејзините обожаватели под објавата.

Гочева е родена на 28 април, во 1980 година во Битола. Ја започна музичката кариера во 1991 година со настап на локалното детско шоу и продолжи да учествува во наредните години, добивајќи признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен „Мамо, пушти ме“. Потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000 година.

Remote video URL

Дискографијата на Гочева се состои од музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издаде првиот студиски албум „Јас имам песна“, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум „Зошто сонот има крај“, „Знаеш колку вредам“ и „Во заборав“ беа издадени во 2002, 2003, односно 2005 година. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела „Македонско девојче“ (2008), „Македонско девојче 2“ (2014) и „Извор“ (2018) вклучуваате елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Македонија, Србија и Бугарија. Нејзиниот деветти студиски албум, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, „Песни за љубов и копнеж“, беше издаден на 24 декември 2022.

Remote video URL
реклама

МК сцена

28 април 1980: Родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Прво издание на панк-рок фестивалот Хаос фест на 16 мај

Read more

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Read more

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени

Read more
 

Сцена

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе