Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Голем број познати имиња од забавната музика на гала-концерт ќе му оддадат почит на човекот што ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов.

„Летај галебе“ е насловот на концертот што ќе се одржи во Националната опера и Балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов, а ќе настапи и голем камерен оркестар. Водители ќе бидат Живкица Каленикова и Огнен Јанески.

На концертот во чест на големиот маестро ќе настапат Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Ѓоко Таневски, Биба Додева, Елена Ристеска, Лидија Кочовска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов. Ана Петановска, Елена Васова и Сугија Маконами. Како гости ќе настапат и Љупчо Мирковски и Бобан Мирковски.

„Ова е важен концерт за нашето семејство бидејќи на овој начин овозможуваме да продолжи да живее делото на нашиот Кире. Кире беше човек што живееше за музиката и за луѓето околу себе. Секој што ќе застане на сцената ќе донесе дел од неговата енергија и добрина. Им благодарам на сите уметници и соработници за нивната посветеност и ангажман“, вели Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на маестро Костов.

Инаку, во чест на Кире Костов е издадена монографија „Летај галебе“ на авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Марко Коловски, која имаше две промоции, во Битола и во Скопје, а имаше и своја уникатна радиопромоција на брановите на Радио Бубамара.

Организаторите од „Баги комуникации“ додаваат дека „Летај галебе“ не е само уште еден концерт, туку настан што ќе ја врати публиката во времето кога песните се создаваа со душа. Тие потенцираат дека е важно да се негуваат домашните автори, да се слуша музиката што била создавана низ времето и да се пренесува на генерациите што доаѓаат.

Кире Костов е симбол на македонската музика – композитор, аранжер и диригент, кој создаде повеќе од 700 песни што го обликуваа звукот на неколку генерации. Од безвременските хитови „Летај галебе“ и „Кога те нема“ до големите фестивалски композиции и оркестарски дела – неговото творештво претставува темел на современото македонско музичко наследство. Со својот уникатен спој на џез, поп и народни елементи маестро Костов остави духовен и културен печат во нашата музичка историја.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, НЛБ банка, „Алкалоид“ и „Триглав“, а снимката ќе биде архивирана и емитувана на Македонската телевизија.

Влезниците се достапни на mktickets.mk.

реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Read more

МК сцена

28 април 1980: Родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Прво издание на панк-рок фестивалот Хаос фест на 16 мај

Read more

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Read more

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени

Read more
 

Сцена

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Читај повеќе

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе