Почина Владо Јаневски, естрадата се збогува со еден од најголемите македонски музичари

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина синоќа на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми.

Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Покрај пеењето, свирел клавир, гитара и тапани.

Во 1998 година Владо Јаневски стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде што во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Во текот на кариерата настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006).

Со неговата смрт, македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи автори и изведувачи, чии песни повеќе од три децении се дел од домашната музичка ризница.

Македонски музичари, актери и јавни личности со емотивни пораки се простуваат од еден од најголемите музички уметници во Македонија.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

МК сцена

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Read more

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Read more

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Read more

Сцена

  • filter

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во The Mummy: Колку се промениле од 1999 година?

Читај повеќе

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Читај повеќе

Сталоне откри зошто сè уште не се пензионира

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот филм со Том Круз на добар пат да стане најголемиот губитник на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Читај повеќе
  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе