Градот на рударите ќе биде домаќин на нов панк-рок фестивал во Македонија кој ќе се одржи на 16 мај 2026 и на кој ќе настапат 5 бенда од три различни града.
Првото изднаие на Хаос фест, за кој организаторот се надева дека ќе стане традиција, ќе почне во сабота на 16 мај во 18 часот во рокенрол клубот „Бункер“ во Пробиштип.
На првото изднаие ќе настапат бендовите:
Side Quest (Прилеп)
Discops (Скопје)
Прв ред (Пробиштип)
Лоши Деца (Скопје)
Флукс (Скопје)
Цената на билетите е 500 денари за целата вечер.