Пука козметика прославуваат 30 години на македонската музичка сцена

На 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 рап групата „Пука козметика“ прославуваат 30 години од формирањето.

Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите.

Билети може да се набават на МК ТИКЕТС по цена од 300 денари.

Пука Козметика е група на пионери на македонскиот рап, формирана декември 1995 година од браќата Жарко и Дарко Масларковски заедно со Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски. Во следната 1996 веќе почнуваат да работат на свои авторски песни, а 1997 веќе попрофесионслно навлегуваат во процесот на снимање и настапи. Првиот официјален албум на групата е издаден 2006-та, следува троен албум во 2012-та, како и многу албуми и соработки во Токсикологија Мјузик. Во повеќе децениското постоење групата има многу самостојни концерти и настапи (клубски и фестивалски), во Македонија и регионот,а посебно како предгрупа на еминентни рап артисти од Светот.

Во периодот што следи најавуваат две нови песни од новиот албум, како и видеозаписи и неколку фотосесии. Прославите на роденденот 30 години Пука Козметика во 2026 година продолжуваат низ градовите во Македонија.

реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Read more

МК сцена

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Read more

Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Read more

Почина Владо Јаневски, естрадата се збогува со еден од најголемите македонски музичари

Read more

Во Пржино почна снимањето на играниот филм Пролетно чистење

Read more

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Читај повеќе
  • filter

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Mayday со Рајан Рејнолдс

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кои 10 актери се фаворити за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ал Пачино уште жали што ја одбил улогата со која се прослави Брус Вилис

Читај повеќе
  • play_arrow

Што им требаше да го викаат Џастин Бибер да пее на финалето?

Читај повеќе

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Читај повеќе
  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе