Во Пржино почна снимањето на играниот филм Пролетно чистење

Во скопската населба Пржино започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Пролетно чистење“, по сценарио на Марија Апчевска-Петровска и Ереник Беќири од Албанија, а во режија на Апчевска-Петровска.

Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции.

Во главните улоги се јавуваат Јулиа Марковска-Фалзон и Зоја Николова за кои ова е прво филмско искуство, како и Стефан Вујисиќ и Ана Костовска од Македонија, и Ника Розман од Словенија.

Директор на фотографијата е Константинос Кукулис од Грција, од Србија авторската екипа се состои од Драган Вон Петровиќ монтажа, и костимографката Лидија Андриќ, додека дизајнер на шминка и маска е Мојца Горогранц Петрушевска од Словенија. Македонски автори во филмот се нашите докажани професионалци Кирил Спасески како дизајнер на продукција и Игор Поповски кој е одговорен за звукот.

Филмот е во продукција на Кино Око на Роберт Насков и финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, филмските центри на Словенија, Грција и Србија, како и од ERT – националната телевизија на Грција. Овој проект доби финансиска поддршка и од Европскиот кинематографски фонд EURIMAGES, а во фазата на развој беше поддржан од програмата МЕДИА и од SEE CINEMA NETWORK. Копродуценти на филмот се Антигони Рота (Foss Productions) од Грција, Боштјан Иковиќ (Arsmedia) од Словенија и Милош Љубомировиќ (Servia Film) од Србија.

Ова е прв долгометражен филм на Марија Апчевска Петровска, чиј последен краток филм „Северен пол“ беше првиот македонски филм кој ја имаше својата премиера во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и беше прикажуван на повеќе од 150 фестивали во светот каде освои голем број на награди.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

МК сцена

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Read more

Бојан Велевски ја става вештачката интелигенција на македонски тест

Read more

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Read more

Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Read more

Сцена

  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе