Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години

Едно враќање на сцената, една стара музичка соработка и нова песна што по две години конечно ја доби својата фестивалска премиера. Раде Врчаковски–Врчак и Симона Поповска на 41. издание на Макфест се претставија со дуетот „Сонце по дожд“, соработка која привлече внимание и поради враќањето на Врчак на македонската музичка сцена, но и поради повторното музичко обединување со Симона.

Нивната приказна не започнува сега, бидејќи соработуваат уште од времето кога Симона беше дел од продукцијата Република, а идејата за заедничката песна „Сонце по дожд“ постои веќе околу две години. Годинашниот Макфест се покажа како одлична можност таа конечно да биде претставена пред публиката.

За Симона, повторната соработка со Врчак има посебно значење, пред сè поради долгогодишната професионална блискост и заедничкото музичко искуство.

„Ми беше огромна чест и радост повторно да соработувам со Врчак. Тој е одличен музичар и соработник, човек кој навистина се посветува на секој детаљ од песната, особено кога станува збор за аранжманот. Имаме заедничка музичка историја и многу ми е драго што повторно се сретнавме на една ваква песна. Идејата постои подолго време, а Макфест беше прекрасен повод да ѝ дадеме живот и да ја споделиме со публиката“, вели Симона.

„Сонце по дожд“ е дел од пошироката музичка приказна што Врчак ја подготвува со најавениот нов албум. На него ќе се најдат дури три дуети со Симона Поповска, што покажува дека нивната соработка не е еднократна фестивалска средба, туку значаен дел од новиот музички проект на Врчаковски.

Со оваа песна, за која текстот и аранжманот ги направи самиот Врчак, додека музиката ја потпишува заедно со Лазар Цветковски, Симона повторно се поврзува со еден од музичарите кои оставија силен белег на домашната музичка сцена, а Врчак продолжува да го гради своето враќање со нова музика и соработки што ги поврзуваат различните периоди од неговата кариера.

Remote video URL
Тагови
реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

МК сцена

Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години

Read more

Тамара го донира црвениот фустан во кој настапи на роденденот на Македонија: Сè за благородна цел!

Read more

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Read more

Сцена

  • play_arrow

Кои се најгледаните филмови и серии на Netflix на сите времиња?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Адам Драјвер одби да се врати во серијата што го прослави

Читај повеќе

Актерката Морган Ферчајлд отвори профил на OnlyFans на 76 години

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина и Бред се откажа од презимето Пит

Читај повеќе

Расел Бранд прогласен за виновен за силување и сексуален напад

Читај повеќе

Кој актер е фаворит на Пирс Броснан за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за The Mandalorian and Grogu

Читај повеќе

Нив Кембел се враќа како Сидни Прескот во Scream 8

Читај повеќе